Свети Никола — главна селска црква во селото Големо Илино, Општина Демир Хисар. Црквата се наоѓа во источниот дел од селото, на височинка која доминира над главниот пат.
Околу црквата се наоѓаат самите селски гробишта.
Архитектура
Градбата на црквата има правоаголен облик и се состои од два дела, кои се покриени со различни кровни конструкции со ќерамиди. Во задниот дел, градбата има апсида.
Галерија
Поврзано Сопотничка парохија Крушевско-демирхисарско архијерејско намесништво Црква „Св. Петка“ Црква „Св. Илија“ Големо Илино
Надворешни врски
Категорија:Големо Илино Големо Илино