Долгашка Река (или Елевска Река) — река во Македонија, сместена на планината Стогово.
Извор
Извира на западните падини на планината Стогово, во пределот на Дебарска Жупа.
Извира од повеќе мали извори на висорамнината Лениште помеѓу врвовите Дафиница, Бабин Срт и Докат Баир високо на планината Стогово, од каде протекуваат неколку потоци со имињата Бела Река, Круше и Кара Дере кои како изворишни челенки го составуваат главниот тек на реката.
Тек
Реката поминува покрај селата Елевци и Долгаш и се влева во Дебарското Езеро, југоисточно од градот Дебар.
Именување
Минувајќи крај селото Елевци го носи името Елевска Река. Под името Елевска Река тече сè до средното течение кај мостот на патот помеѓу Елевци и Долгаш, по што таа го добива името Долгашка Река сè до својот влив во Дебарското Езеро (порано Црн Дрим) кај месноста Требишки Мост.
Галерија
Поврзано Долгаш Елевци Стогово Црн Дрим
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Долгаш Категорија:Елевци Категорија:Реки во Македонија