Чеплеска Река — река во Македонија на планинскиот масив Мокра. Се наоѓа на Орешка Планина и е притока на Бабуна. Настанува од неколку помали изворчиња, високо во буковата шума на планинскиот масив Мокра во близината на месноста на некогашното раселено село денес Планинарски дом „Чеплез“. Целото нејзино течение е низ густата букова шума сè до нејзиното влевање во изворишното подрачје на горното течение на Бабуна во Нежилово. Преку нејзиното течение минуваат обележаната планинарска пешачка патека и колскиот шумски пат од Папрадиште кон планинарскиот дом Чеплес. Близу до колскиот пат се наоѓа мал и убав водопад, а крај планинарската патека остатоци (ракли) од стар мост. Според месни кажувања и преданија долот и течението на Чеплеска Река ја претставуваат границата помеѓу планините Даутица и Јакупица.
Наводи
Категорија:Реки во Македонија Категорија:Мокра