Телескоп „Виктор М. Бланко“ (), наречен и Бланко 4 м () — телескоп во склоп на Меѓуамериканската опсерваторија „Серо Тололо“, Чиле. Има отвор со пречник од 4 метри и изграден е во периодот од 1974 до 1976 г. Сличен е на телескопот „Николас Мејол“ на Националната опсерваторија „Кит Пик“ во Аризона, САД. Телескопот го добил сегашното име во 1995 г., во чест на порториканскиот астроном Виктор Мануел Бланко. Во периодот од 1976 до 1998 г. бил најголемиот оптички телескоп на јужната полутопка. Во 1998 г. таа чест ја добил Многу големиот телескоп на Европската јужна опсерваторија (ESO).
Почнувајќи од 2012 г.Dark Energy Camera and Dark Energy Survey:photos, videos & graphics fnal.govBerkeley Lab sensors enable first light for the dark energy camera phys.org Retrieved 2012-09-18 главниот истражувачки инструмент на телескопот е Камерата за темна енергија (Dark Energy Camera, DECam), која се користи во Испитувањето на темната енергија (Dark Energy Survey).
Поврзано Список на опсерватории
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Телескопи Категорија:Опсерватории во Чиле