Град Скопје — посебна административна единица во Република Македонија која го покрива главниот град Скопје, но и 54 села во Скопско. Се состои од 10 општини. Дел е од Скопскиот Регион.

Поделбата на Град Скопје како посебна единица на локална самоуправа е дефинирана во Законот за Град СкопјеЗакон за градот Скопје - “Сл. весник на Република Македонија”, бр. 55/04 од 16.08.2004 година, донесен на 16 август 2004 година.

Град Скопје се граничи со Општина Чучер-Сандево и Косово на север, Општина Јегуновце и Општина Желино на запад, Општина Сопиште на југ, Општина Студеничани и Општина Петровец на југозапад, Општина Илинден и Општина Арачиново на исток, и Општина Липково на североисток.

Историја Според Законот за територијална поделба на Федерална Македонија на окрузи, донесен во август 1945 година, Град Скопје бил засебна единица која не влегувала во Скопскиот Округ и била еднаква на округ. Град Скопје се состоел од населените места Бутел, Визбегово, Горно Водно, Горно Нерези, Долно Водно, Долно Нерези, Кисела Вода, Скопје, Тафталиџе и Ќерамидница.

Од 1949 до 1952 се донесуваат шест закони за територијална организација. Во 1952 бројот на општините паѓа од 223 на 86, а на подобластите од 18 на 7. Во 1955 градот Скопје добива посебен административен статус, составен од 4 општини: Идадија, Кисела Вода, Саат Кула и Кале. Во 1957 има 7 подобласти и 73 општини во 1965. Во 1965 со законот кој ги дефинирал границите на општините во СРМ, подобластите се укинуваат и бројот на општините станува 32. Во подрачјето на Град Скопје, општината Саат кула се припојува кон општината Кале. Со тоа, бројот на општини кои го образуваат градот Скопје се намалува на 3. Во 1969 општините на градот Скопје се обединуваат во единствена општина под назив Општина на Град Скопје. Од 1976 до 1996 Скопје е организирано како посебна социо-политичка заедница од 5 општини: Гази Баба, Карпош, Кисела Вода, Центар и Чаир. Од 1996 до 2004 Скопје се дефинира како посебна единица на локална самоуправа и има 7 општини: Гази Баба, Карпош, Кисела Вода,Центар, Чаир, Шуто Оризари и Ѓорче Петров.

Општини

Десетте општини во Град Скопје се:

Општина HASC Седиште на општината Површина(км2) Население(2021) Аеродром MK.AD Јане Сандански 21,85 77.735 Бутел MK.BU Бутел 60,79 37.968 Гази Баба MK.GB Гази Баба 110,86 69.626 Ѓорче Петров MK.GP Ѓорче Петров 66,93 44.844 Карпош MK.KX Карпош III 105 63.760 Кисела Вода MK.VD Кисела Вода 46,86 61.965 Сарај MK.AJ Сарај 229,06 38.399 Центар MK.CE Дебар Маало 7,52 43.893 Чаир MK.CI Чаир 3,52 62.586 Шуто Оризари MK.SO Шуто Оризари 7,48 25.726 Град Скопје Вкупно 659,87 526.502

Демографија На пописот од 2002 година, Скопје има 506.926 жители. Најбројна етничка група се Македонците со 66,75% од населението, а потоа Албанците (20,46%), Ромите (4,63%), Србите (2,82%), Турците (1,70%), Бошњаците (1,50%) и Власите (0,50%).

97,5% од населението над 10-годишна возраст е писмено.

Народности во Град Скопје мини|лево|300п|Мнозински народности во секоја општина во Град Скопје. Засновано на пописот од 2002 година и територијалната поделба од 2004 година. ГодинаМакедонциАлбанциТурциРомиВласиСрбиБошњациОстанатиВкупноНавод194851.8195.20913.9285.7966655.8724053.96087.6541195374.6863.16622.5627.8294388.650―4.812122.14321961120.46713.130―10.652―13.34152624.153182.26931971245.52953.946―17.068―21.42638150.612388.96241981320.56286.462―24.027―21.34213.90538.634504.93251994356.535113.42612.82720.9792.23020.085―19.146545.22862002332.77871.4838.54923.2022.54614.2516.4657.983467.25772004338.358100.8918.59523.4752.55714.2987.5858.167506.92682021309.107120.2938.52418.4982.7789.4787.36550.459526.5029

1 Бошњаците во оваа табела се заведени во графата „Неопределени муслимани“. Во графата „Останати“ на оваа табела, се сместени: Хрвати (986), Словенци (425), Црногорци (770), Бугари (275), Чеси (74), Словаци (11), и останати (1,419).

2 Бошњаците биле заведувани во графата „Неопределени Југословени“. Во графата „Останати“ на оваа табела, се сместени: Хрвати (1,351), Словенци (552), Црногорци (1,064), Југословени неопределени (203), останати Словени (784), и останати несловени (858).

3 Турците и Власите биле заведувани во службената графа „Останати“. Бошњаците биле заведувани во графата „Муслимани“. Во графата „Останати“ на оваа табела, се сместени: Хрвати (1,910), Словенци (636), Црногорци (1,761), Унгарци (112), Југословени (521), и останати (19,213; вклучувајќи ги Турците и Власите).

4 Град Скопје тоа време имал голема бројка на население бидејќи ја покривало целата територија на Скопско, согласно територијалната поделба од 1965 година. Турците и Власите биле заведувани во службената графа „Останати“. Бошњаците биле заведувани во графата „Муслимани“. Во графата „Останати“ на оваа табела, се сместени: Хрвати (2,252), Словенци (496), Црногорци (1,889), Унгарци (119), Југословени (2,135), и останати (43,721; вклучувајќи ги Турците и Власите).

5 Град Скопје тоа време имал голема бројка на население бидејќи ја покривало целата територија на Скопско. Турците и Власите биле заведувани во службената графа „Останати“. Бошњаците биле заведувани во графата „Муслимани“. Во графата „Останати“ на оваа табела, се сместени: Хрвати (1,981), Словенци (401), Црногорци (2,494), Унгарци (150), Југословени (8,193), и останати (25,415; вклучувајќи ги Турците и Власите).

6 Град Скопје тоа време имал голема бројка на население бидејќи ја покривало целата територија на Скопско. Бошњаците биле заведувани во графата „Останати“.

7 Според административната поделба од 1996 година, територијата на Град Скопје била намалена, а со тоа била намалена бројката на жители.

8 Бројките се од пописот од 2002, но прераспоредени според променетата територијална поделба во 2004 година. Со новата територијална поделба, дошло до зголемување на албанското население во рамките на Град Скопје. На пример, во 2004 година била укината Општина Кондово и нејзината територија била припоена кон Општина Сарај - општина која веќе постоела и која тогаш била припоена кон Град Скопје.

9 Во графата „Останати“ на оваа табела, се сместени: Други неспомнати (народности) (5,777), Не се изјасниле (255), Непознато (252), Лица за кои податоците се преземени од административни извори (44,175).

Број на жители во Град Скопје по општина Општина191319211931194819531961197119811994200220042021АеродромОпштинаСкопјее унитарнаедмини.единицаОпштинаСкопјее унитарнаедмини.единицаГрад Скопјее унитарнаедмини.единицаОкруженНароденОдборСкопјее унитарнаедмини.единицаГрад Скопјее унитарнаедмини.единица―――――72.00977.735Бутел―――――36.15437.968Гази Баба――92.472100.25972.22272.61769.626Ѓорче Петров――――41.49041.63444.844Идадија52.279117.953―――――Кале41.215163.478―――――Карпош――121.746127.46259.81059.66663.760Кисела Вода44.025107.531114.176146.746125.37957.23661.965Саат Кула44.750――――――Сарај―――――35.40838.399Центар――93.61485.02182.60445.41243.893Чаир――82.92485.74068.39564.77362.586Шуто Оризари――――17.35722.01725.726Вкупно47.38440.66668.33487.654122.143182.269388.962504.932545.228467.257506.926526.502Навод

Број на жители во Град Скопје по населено место мини|400x400пкс|Графикон за селата во Град Скопје, подредени по население (според попис од 2021 година).