Ослободителна војска на Косово или скратено ОВК (албански: Ushtria Çlirimtare e Kosovës - UÇK) — албанска терористичка организација на Косово која со нападни врз државните органи (војска, полиција и други) и цивили се бореше за независност на Косово и Метохија од Србија и СР Југославија. ОВК односно УЧК се бореше исто така за отстварување на таканаречена „Голема Албанија“. Според српски и западните разузнавачки служби основна форма на финансирање на ОВК се трговијата со дрога, која изнесува најмалку половина од своите средства, а добар дел од останатите средства беа собрани преку криминални активности.

ОВК била формирана во 1994 година, а првпат во јавноста се појави во 1996 година. Целта беше независно Косово, а користиле секакви средства за вооружена борба. Дел од структурите на ОВК се обучени и тренирани од британските САС и американската ЦИА. Основач и водач на ОВК, сè до неговата смрт во 1998 година беше Адем Јашари (алб. Adem Jashari), а после неговата смрт Хашим Тачи (алб. Hashim Thaçi) до распаѓањето на ОВК во 1999 година. Оваа организација е вклучена во судири и напади врз српските цивили на Косово, пред и по окупацијата на НАТО во 1999 година.The United Nations & regional security: Europe and beyond by Michael Charles Pugh, Waheguru Pal Singh Sidhu, 2003, ISBN 1588262324, page 126The Fight Against Terrorism and Crisis Management in the Western Balkans by Iztok Prezelj, 2008, ISBN 1586038230, page 49-50.

Голем дел од структурите на ОВК учествуваа исто така и во војната 2001 година во Македонија.

Воени злосторства Список на масакри извршени од терористите на ОВК

Масакр во Клечка (26–27 август 1998) – 22 изгорени тела на Косовски Срби се пронајдени во импровизиран крематориум, меѓу нив и жени и деца Масакр на Радоњичото езеро – убиство на 34 косовски Срби, кои масакрот се фрлени во езеротоKosovo Forensic Expert Team - EXECUTIVE SUMMARY (complete) Убиствата во Гнилане – во масовни гробници се пронајдени 80 косовски Срби во околината на Гнилане Масакр во Ораховац – повеќе од 100 Срби и Роми се киднапирани, а околу 50 од нив се убиени во логори Масакр во Старо Грацко - ликвидирани 14 српски земјоделци Масовна гробница Угљаре - пронајдени 15 тела на косовски Срби Масакр во Волујак - масакр над 25 косовски Срби цивили

Логори

Логор Лапушник Логор Јабланица

Трговија со органи

При крајот на Косовската војна 1999 година, неколку стотина Срби и Роми се однесени во Албанија во таканаречената „Жолта куќа“, каде откако се убиени, им ги извадија органите за да ги продават на црно.

Поврзано

Ослободителна Народна Армија (ОНА) Косовски заштитен корпус (КЗК) Албанска национална армија (АНА)

Наводи

Категорија:Ослободителна Национална армија Категорија:Албански сепаратизам во Србија Категорија:Албански сепаратизам во Косово Категорија:Албански национализам Категорија:Терористички организации Категорија:Тероризам во Македонија