Бабинска Река (позната и како Базерничка Река или Мала Река) — река во Југозападна Македонија и десна притока на Црна Река. Речните води се богати со охридска пастрмка со црвени точки. Тие исто така претставуваат извор за производство на електрична енергија.

Течение

Реката извира на Плакенска Планина, на надморска висина од 1.902 м. Нејзиното течение понатаму се спушта по падините на планината, поминува низ селата Базерник и Бабино, по што се влева во Црна Река.

Рибарство

Бабинска Река е богата со охридска пастрмка со црвени точки. Во атарот на селото Бабино се наоѓа истоимениот рибник „Бабино“. Рибникот е сместен меѓу два зелени речни брега, каде што извира вода со капацитет од 30 до 200 литри л/с. Неговиот капацитет е годишно производство на пастрмка од 80.000 кг. Рибникот претставува туристичка атракција во демирхисарскиот крај и е посетуван особено во летниот период.Б., А.. „Рибопроизводството можност за развој на рурален туризам“, Утрински весник, 22 мај 2012.

Енергетика

По течението на реката е изградена малата хидроцентрала „Мала Река“ со моќност од 270 KW.Преглед на производители на електрична енергија од обновливи извори на енергија - мали хидроелектроцентрали, „Регулаторна комисија за енергетика“, 2014.

Галерија

Поврзано Базерник Бабино

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Реки во Македонија Категорија:Базерник Категорија:Бабино Категорија:Географија на Демир Хисар