Свети Атанасиј — гробјанска селска црква во селото Слоештица, во Општина Демир Хисар, Македонија. Црквата се наоѓа на почетокот на селото, од левата страна покрај патот. Околу црквата се наоѓаат и самите селски гробишта, како и гробот на родниот слоештанец Петре М. Андреевски.
Архитектура
Градбата на црквата има четириаголен облик и е покриена со ќерамиди. Камбанаријата е со четириаголна основа и се издига од ќерамидите над влезната порта. Во дворот на црквата се сместени селските гробишта, каде што покрај левата страна на црквата се наоѓа гробот на македонскиот писател Петре М. Андреевски.
Галерија
Гробот на Андреевски
Гробиштата и црковниот двор
Поврзано Крушевско-демирхисарско архијерејско намесништво Сопотничка парохија Слоештица
Надворешни врски
Категорија:Слоештица Слоештица