Олимпискиот парк во Рио де Жанеиро е група на девет спортски објекти во Бара да Тижука, во западниот дел на Рио де Жанеиро, Бразил, кои ќе бидат искористени за Летните олимписки игри 2016 и за Летните параолимписки игри 2016. Од деветте објекти, седум имаат трајна структура.

Историја На местото на Олимпискиот парк претходно бил поставен Меѓународниот автодром Нелсон Пике, уште познат како Жакарепагва, на чија патека била претходно одржувана Големата награда на Бразил во Формула 1 многупати низ 1980те години, пред да биде преместена на Интерлагос во 1990 година.

Објекти

Деветте објекти кои ќе бидат користени во Олимпискиот парк се: Кариока арена 1: кошарка (капацитет: 16,000) Кариока арена 2: борење, џудо (капацитет: 10,000) Кариока арена 3: мечување, теквондо (капацитет: 10,000) Арена на иднината: ракомет (капацитет: 12,000) Центар за водени спортови Марија Ленк: ватерполо, синхронизирано пливање, скокови во вода (капацитет: 5,000) Олимписки центар за водени спортови: плејоф натпревари во ватерполо, пливање (капацитет: 15,000) Олимписки тениски центар: тенис (капацитет: 10,000 главен терен) Олимписка арена Рио: гимнастика (капацитет: 12,000) Олимпискиот велодром Рио: велодромски велосипедизам (капацитет: 5,000)

По Олимписките игри По завршувањето на Летните олимписки и параолимписки игри 2016, третата Кариока арена ќе стане спортско училиште, додека пак останатите шест објекти ќе бидат дел од Олимпискиот тренинг центар кои ќе биде отворен по игрите.

Наводи

Категорија:Спортски зданија на Летните олимписки игри 2016