Пиридостигминот е лек кој се користи во третманот на миастенија гравис, паралитичен илеус и постоперативна уринарна ретенција.

Пиридостигминот претставува инхибитор на холинестеразата, ензим кој го разградува ацетилхолинот. На овој начин се зголемуваат нивоата на ацетилхолин, со што се подобрува мускулната стимулација.

Бидејќи претставува кватерен амин, слабо се ресорбира во цревата, и не може да ја помине крвно–мозочната бариера.

Категорија:Пиридини Категорија:Карбамати Категорија:Неопходни лекови според Светската здравствена организација Категорија:Невротоксини