Орово или Рахово (, Пиксос, до 1928 г. Ράχωβα, Рахова или Όροβο, Орово) — поранешно село во крајниот северозападен дел на Егејска Македонија, во реонот на Општина Преспа. До 1949 г. било населено исклучиво со Македонци. Сместено е на 1080 метри надморска височина близу до самата граница со Албанија (Мала Преспа).

Историја и население Селото Орово било чисто македонска населба, своевремено со статус на самостојна општина според царската наредба 259/21 од 19.12.1918 година. Според К’нчов селото броело 172 жители, а Милоевиќ го спомнува со 40 македонски куќи. Во 1913 година имало 363 жители,, во 1920 - 373, во 1928 година 431 жител, а во 1940 489 жители. Поради сиромаштијата, во селото постоела традиција за одење во прекуокеанските земји. По Граѓанската војна, селото е целосно раселено и уништено. Неколку семејства кои останале по нормализирањето на состојбата биле принудени да се населат во други села,бидејќи грчките власти не дозволиле селото повторно да се обнови, а со царска наредба од 8.5.1957 тоа е избришано од евиденцција и неговиот атар е приклучен кон општината Граждано. Денес е останата само селската црква „Свети Никола“. Денес некогашните жители на Орово и нивните потомци се населени во Скопје, Битола, битолското село Кравари, Тетово, Гостивар, Полска, Австралија, Америка, Канада итн. Пред извесно време неколкумина поранешни жители на Орово издале монографија посветена на селото.

Топоними Ова е список на позначајните топоними во Орово и околината:

Културни и природни знаменитости Цркви Црква „Св. Петка“ од XIX век

Наводи

Категорија:Историски села во Преспа (општина)