Генган ; ) – општина во департманот Арморски Брегови во Бретања на северозапад на Франција.

Фестивал Сен Лу Фестивалот Сен Лу е национален натпревар во бретонски танци и меѓународен фестивал кој се одржува секоја година во средината на август. Секогаш завршува со традиционалниот танц Ла деробе де Генган. Главни гости се музичари од Астурија, Ирска, Галисија, Шкотска, Велс и други келтски уметници од целиот свет.

Спорт Градот го има професионалниот фудбалски тим Ан аван де Генган кој го освои францускиот куп во сезоната 2008/2009 кога сè уште бил во втората лига. Екипата се вратила во првата лига во сезоната 2013/2014 од која испаднал 9 години пред тоа. Генган повторно го освоил францускиот куп против Рен во сезоната 2013/2014 кога победил со 2:0 и се квалификувал за УЕФА лигата Европа за наредната сезона.

Стадионот има поголем капацитет од вкупното население на Генган.Which stadiums have a capacity greater than their location's populations?.

Население

Бретонски јазик Во 2013 година 17,4% од учениците во основните училишта посетувале двојазична настава.

Историја Како и многу други во областа, градот има богата и интересна историја за што сведочат остатоците од трите замоци на Генган кои биле срамнети со земјата по наредба на Ришелје, од кои денес останале само три кули.

Венсан де Бурбон, правнукот на Луј XIV бил гроф од Генган од 1750 до неговата смрт во 1752 година.

Наводи

Надворешни врски

Guingamp Tourist Office Official website French Ministry of Culture list for Guingamp

Категорија:Општини на Арморските Брегови Категорија:Градови во Франција Категорија:Потпрефектури во Франција