Натпреварите во рагби-7 на Летните олимписки игри 2016 се одржуваат во август на Деодорскиот стадион во подрачјето Деодоро на Рио де Жанеиро. Самите натпревања траат три дена. Варијантата рагби-7 се појавува за првпат на оваа олимпијада, додека пак обичното рагби (сојузно рагби) последен пат се одиграло на олимпијадата во 1924 г.

На олимписките натпреварувања важат редовните правила на играта.

Машка конкуренција

Група АГрупа БГрупа Ц

Судии Машките натпреварувања се надгледуваат од дванаесет судии одредени од светскиот сојуз, кон кои потоа се додадени двајца бразилски помошни судии.

Мајк Адамсон (Шкотска) Федерико Анселми (Аргентина) Ник Брајант (Нов Зеланд) Бен Крауз (ЈАР) Крејг Јоуберт (ЈАР) Ричард Кели (Нов Зеланд) Ентони Мојс (Австралија)

Метју Обрајан (Австралија) Таку Оцуки (Јапонија) Раста Расивхенге (ЈАР) Александар Руиз (Франција) Мариус ван дер Вестхејзен (ЈАР) Енрике Платајс (Бразил) — помошен судија Рикардо Сантана (Бразил) — помошен судија

Женска конкуренција

Група АГрупа БГрупа Ц

Судии Женските натпреварувања се надгледуваат од дванаесет судии одредени од светскиот сојуз, кон кои потоа се додадени двајца помошни судии.

Ејми Барет (ЈАР) Џес Берд (Нов Зеланд) Беатриче Бенвенути (Италија) Џејмс Болабиу (Фиџи) Сара Кокс (Англија) Сакурако Кавасаки (Јапонија) Роз Лабреш (Канада)

Габриел Ли (Хонгконг) Алхамбра Ниевас (Шпанија) Ејми Перет (Австралија) Алекс Прет (Шкотска) Раста Расивхенге (ЈАР) Маријата Визе (Бразил) — помошен судија Најара Лима (Бразил) — помошен судија

Распоред на натпреварите Натпреварите траат од 6 до 11 август.

Во машка конкуренција, во групата А се Фиџи, Аргентина, САД и Бразил. Групата Б ги опфаќа ЈАР, Австралија, Франција и Шпанија, додека во групата Ц се Нов Зеланд, Велика Британија, Кенија и Јапонија.

Во женска конкуренција, во групата А се Австралија, САД, Фиџи и Колумбија. Групата Б ги опфаќа Нов Зеланд, Франција, Шпанија и Кенија, додека во групата Ц се Канада, Велика Британија, Бразил и Јапонија.

Освоени медали

Табела 10000 Вкупно 0 0 0 0

Победници Мажи Жени

Наводи

Надворешни врски Квалификации за рагби-7 на ЛОИ 2016

Категорија:Спортови на Летните олимписки игри 2016 2016