(роден ) — поранешен јапонски фудбалер, играч од одбранaта.
Наката најголемиот дел од својата кариера го поминал во екипата на Кашима Антлерс во својата родна Јапонија, но исто така имал и искуство во Европа каде играл една сезона (2005-2006) за францускиот клуб Олимпик Марсеј и две (во периодот 2006-2008) за швајцарскиот клуб Базел.
Тој исто така бил репрезентативец на Јапонија, во периодот 2000-2007, забележувајќи вкупно 57 настапи и 2 гола за самураите. Својата земја ја претставувал на две Светски првенства во 2002 и 2006.
Биографија Од 22 февруари 2014 година, Наката е во брак со глумицата Нао Нагасава, со која имаат 3 деца.
Неговиот прекар за време на играчката кариера бил „другиот Наката“, поради тоа што во периодот во кој настапувал за јапонската репрезентација тој бил тимски колега на многу попознатиот јапонски фудбалер Хидетоши Наката.
Титули Клупски Кашима Антлерс Џеј лига 1 : 5 1998, 2000, 2001, 2008, 2009 Емперорс куп : 2 2000, 2010 Џеј лига куп : 4 2000, 2002, 2011, 2012 Suruga Bank Championship : 2 2012, 2013
Олимпик Марсеј УЕФА Интертото куп : 1 2005
Базел Швајцарска Супер лига : 1 2007-2008 Куп на Швајцарија : 2 2006-2007, 2007-2008
Репрезентативни АФК Азиски куп (1) : 2004 ФИФА Куп на конфедерации вицешампион: 2001 ФУФА Светско младинско првенство вицешампион: 1999
Надворешни врски National Football Teams Japan National Football Team Database
Наводи
Категорија:Живи луѓе Категорија:Јапонски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Олимпик Марсеј Категорија:Фудбалери на ФК Базел