(роден , во Маебаши) — јапонски поранешен фудбалер, играч од средниот ред.

Клупска кариера Кариерата ја започнал во екипата на Урава Ред Дајмондс во својата татковина, за која играл пет сезони од 2005 до 2010 година. Во 2011 година се преселил во Европа, каде што ги минал следните неколку години од кариерата, играјќи главно во Германија за неколку екипи Бајер Леверкузен, Аугсбург, Херта Берлин и Штутгарт, а една сезона одиграл и како позајмен играч во Бурсаспор во Турција.

Во 2017 година, Хосогаи се вратил во Јапонија, каде го носел дресот на Кашива Рејсол. Таму играл се до 2018 година, а во следните две години играл во Тајланд, каде настапувал за Бурирам Јунајтед и Бангкок Јунајтед. Последните години од својата кариера ги поминал во јапонскиот нисколигаш Теспа Гунма, каде и ја завршил својата кариера во 2025 година.

По завршувањето на играчката кариера бил назначен за претседател на Теспа Гунма, клубот за кој последно настапувал во својата кариера.

Репрезентативна кариера Хосогаи бил дел од олимписката репрезентација на Јапонија на Летните олимписки игри 2008 во Пекинг, каде одиграл два натпревари.

Своето деби за сениорската репрезентација, го имал 4 септември 2010, за време на пријателскиот натпревар Јапонија - 1-0. Тој ја претставувал својата земја на Азискиот куп 2011, каде јапонците биле шампиони совладувајќи ја во финалето по продолженија, додека претходно во полуфиналето против , тој го постигнал својот единствен гол за репрезентацијата. Настапил уште и на Купот на конфедерациите 2013. Вкупно, за јапонската репрезентација одиграл 30 натпревари и постигнал еден гол.

Статистика ЈапонијаСезонаНастапиГолови201030201171201280201370201450Вкупно301

Наводи

Надворешни врски National Football Teams Japan National Football Team Database

Категорија:Живи луѓе Категорија:Јапонски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Баер Леверкузен Категорија:Фудбалери на ФК Аугсбург Категорија:Фудбалери на ФК Херта Берлин Категорија:Фудбалери на ФК Бурсаспор Категорија:Фудбалери на ФК Штутгарт Категорија:Родени во 1986 година Категорија:Живи луѓе