240п|мини|десно|Кругот Понтал
Поединечниот хронометар за жени бил една од осумнаесетте велосипедски дисциплини на Летните олимписки игри 2016 во Рио де Жанеиро. Трката започнала и завршила на 10 август на Понтал, мал полуостров во западниот дел на Рио. Трката била освоена од Кристин Армстронг од САД.
Фаворити пред трката
Американката Кристин Армстронг била бранител на титулата. Светска првенка по Летните олимписки игри 2012 биле Елен ван Дејк (2013), Германката Лиза Бренауер (2014) и Новозеланѓанката Линда Вилумсен (2015).
Патека
Патеката за женскиот хронометар изнесувала еден круг околу полуостровот Понтал во должина од 29,8 километри. Почетокот и крајот на трката на патеката бил плоштадот Тим Маја, потоа продолжувал кон кругот Понтал (надесно) стигнувајќи до првото искачување по 9,7 километри и второто искачување на 19,2 километри.
Учесници и резултати
Следниве 18 национални олимписки комитети (НОК) имале свои учесници со вкупно 25 возачи на хронометарската трка за жени. Следниве возачи биле потврдени од нивните соодветни НОК.
Бр. Возач Држава Место Време 1 Кристин Армстронг 44:26,42 5 Олга Забелинскаја 44:31,97 3 Ана ван дер Бреген 44:37,80 7 Елен ван Дејк 4 44:48,74 9 Елиза Лонго Боргини 5 44:51,94 2 Линда Вилумсен 6 44:54,71 18 Тара Витен 7 45:01,16 4 Лиза Бренауер 8 45:22,62 11 Катрин Гарфут 9 45:35,03 6 Евелин Стивенс 10 46:00,08 16 Алена Амјалиусик 11 46:05,73 10 Ешли Мулман 12 46:29,11 14 Карол Ен Кануел 13 46:30,93 15 Ема Пули 14 46:31,98 22 Ери Јонамине 15 46:43,09 12 Трикс Ворак 16 46:52,77 20 Лота Леписто 17 47:06,52 17 Катажина Њевјадома 18 47:47,96 25 Ана Плихта 19 47:59,66 8 Хана Соловеј 20 48:03,35 24 Лоте Копеки 21 48:09,86 23 Кристин Мажери 22 48:16,17 13 Ан Софи Дејк 23 48:17,60 19 Одри Кордон 24 49:32,87 21 Вита Хајне 25 50:23,39
Наводи
Надворешни врски Карти на собиралиштата на ЛОИ 2016
Категорија:Велосипедизам на Летните олимписки игри 2016