Питер Хајден Динклиџ (роден на 11 јуни 1969 г.) — американски глумец. Од неговиот пробив со улогата во филмот Агентот од станицата (2003), тој глумел во бројни филмови и театарски претстави.

Од 2011 година, Динклиџ го глуми Тирион Ланистер во серијата Игра на тронови. За оваа улога тој добил две Еми награди за најдобар спореден глумец во драмска серија и Златен глобус за најдобар спореден глумец во телевизиска серија.

Ран живот Динклиџ е роден во Морстаун, Њу Џерси,Meoli, Daria. "That’s Entertainment" , New Jersey Monthly, October 2005. Retrieved December 26, 2007. како син на Џон Карл Динклиџ (1931-2004), вработен во осигурителна компанија, и Дијана Динклиџ, учителка по музичко во основно училиште. Тој е роден со ахондроплазија, болест која е причинител за неговиот џуџест раст. Тој има германско, англиско, и ирско потекло.Interview, Neil Young's Film Lounge. March 23, 2004

Динклиџ за првпат се здобил со театарски успех во петто одделение играјќи во претставата Кадифеното памучно зајаче. Играјќи главна улога, тој бил воодушевен од одговорот на публиката за претставата. „Кога за првпат ќе се поклониш пред публиката, тоа чувство е одлично“, тој објаснил на магазинот Пипл. Динклиџ дипломирал во католичкото училиште за момчиња Делбартон во 1987 година каде продолжил да ја развива својата глума во училишната драмска секција. Тој потоа се школувал на Бенингстонскиот колеџ каде глумел во бројни претстави пред да дипломира во 1991 година.Smith, Dinitia. "Dark, Handsome And Short; Star of a Sundance Hit Is Ready for an Encore", The New York Times, October 2, 2003. Retrieved December 7, 2007.

Личен живот Во 2005 година, Динклиџ се венчал со Ерика Шмит, која е театарски режисер. Тие имаат една ќерка која е родена во 2011 година. Семејството живее во мало село во Њујорк. Динклиџ е вегетаријанец од 16-годишна возраст.

Динклиџ уште на мала возраст дознал дека има ахондроплазија, која влијае на растот на коските. Поради тоа, тој е висок 1,35 м, со типична големина на глава и тело, но со кратки екстремитети. Додека Динклиџ ја прифатил својата состојба, тој често се соочувал со предизвици додека растел. Во 2003 година, тој изјавил: „Кога бев помлад, тоа дефинитивно ме погодуваше. Како адолесцент, бев огорчен, лут и затворен. Но како старееш, сфаќаш дека треба да имаш чувство за хумор. Знаеш дека тоа не е твој проблем. Нивни е.“ Кога во 2012 година бил запрашан дали се гледа себеси „како претставник на малите луѓе,“ Динклиџ одговорил: „Не знам што би кажал. Секој е различен. Секоја личност со мојата големина има различен живот, различна историја. Различни начини за справување. Само затоа што сум навидум во ред со тоа, не можам да пропагирам како да се биде во ред со тоа. Не мислам дека сум сè уште во ред со тоа. Постојат денови кога не сум.“

Наводи

Надворешни врски

Peter Dinklage at Emmys.com

Категорија:Родени во 1969 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Американски глумци Категорија:Американски филмски глумци Категорија:Добитници на Златен глобус