алт=Прометеј е окован од Вулкан од Дирк ван Бабурен |мини|Прометеј е окован од Вулкан од Дирк ван Бабурен Окованиот Прометеј (Грчки: ΠΡΟMHΘEΥΣ ΔEΣMΩTHΣ) - драма (од жанрот трагедија) на старогрчкиот писател Есхил.
Ликови Во драмата се јавуваат следниве ликови:Eshil, Persijanci – Okovani Prometej. Beograd: Rad, 1963, стр. 56. Власт, слуга на Зевс Сила, слуга на Зевс Хефест, син на Зевс Прометеј, Титан Океаниди, ќерки на Океан Океан, титан, морски бог Ија, ќерка на Инах Хермес, син на Зевс
Содржина Драмата се состои од пет дела: пролог, три еписодии и ексода. Пролог Власта и Силата, во придружба на Хефест, го носат Прометеј на крајот на светот. Иако не сака да ја изврши задачата, Хефест го приковува Прометеј на една карпа, но додека го прави тоа постојано го сожалува. Откако ќе го остават Прометеј сам, на карпата пристигаат Океанидите.Eshil, Persijanci – Okovani Prometej. Beograd: Rad, 1963, стр. 57-65.
Прва еписодија Прометеј им ја раскажува на океанидите причината за суровата казна: Кога Зевс кренал бунт против татко му Крон, мудриот Прометеј ги советувал титаните, но тие воопшто не го слушале. Тогаш, тој го послушал пророштвото на мајка му и му помогнал на Зевс да дојде на власт. Но, кога Зевс сакал да го уништи човечкиот род, Прометеј им помогнал на луѓето давајќи им надеж, учејќи ги на разни вештини а, најпосле, го украл огнот од боговите и им го дал на луѓето. Подоцна, него го посетува и Океан, со совет да му се покори на Зевс и со ветување дека ќе се обиде да му помогне. Сепак, Прометеј изјавува дека воопшто нема намера да се покори.Eshil, Persijanci – Okovani Prometej. Beograd: Rad, 1963, стр. 66-75.
Втора еписодија Прометеј продолжува да им раскажува на Океанидите за добрините што им ги направил на луѓето: тој им дал разум, ги научил како да ја обработуваат земјата, им ја открил тајната на обработката на металите, ги научил да подготвуваат лекови и, воопшто, им го дал целокупното знаење. Океанидите му се восхитуваат на тоа, но истовремено, го советуваат да му биде покорен на Зевс.Eshil, Persijanci – Okovani Prometej. Beograd: Rad, 1963, стр. 76-80.
Трета еписодија Кај карпата пристигнува Ија, девојката која ја казнила Хера така што ѝ ставила рогови и ѝ го одзела разумот, принудувајќи ја да скита низ целиот свет. Прометеј ѝ ги кажува маките што ја очекуваат во иднина, прорекувајќи дека уште долго време ќе скита низ разни краишта и дека најпосле ќе се насели во Египет, каде со еден допир ќе ја оплоди Зевс и тогаш пак ќе ѝ се врати разумот. Исто така, Прометеј го соопштува пророштвото дека еден ден, еден од потомците на Ија ќе го ослободи од маките.Eshil, Persijanci – Okovani Prometej. Beograd: Rad, 1963, стр. 81-93.
Ексода Гласникот на Зевс, Хермес доаѓа кај Прометеј и бара од него да му го каже името на тој што ќе го ослободи. Прометеј продолжува да му пркоси на Зевс и изјавува дека не постои таква сила што ќе го принуди да се покори. Тој повторно изјавува дека еден ден ќе пропадне власта на Зевс и дека тој ќе биде слободен. Тогаш, Хермес му кажува дека ќе биде дополнително казнет така што Зевс ќе удри со молња и Прометеј ќе пропадне во карпата, а џиновски орел со векови ќе му кине делови од телото. Прометеј воопшто не се исплашува од таа закана, туку само ги советува Океанидите да бегаат оттука. Во тој миг, од небото почнуваат да паѓаат громови, дува силен ветар, се креваат огромни бранови и бездната проголтува сè.Eshil, Persijanci – Okovani Prometej. Beograd: Rad, 1963, стр. 94-101.
Осврт кон делото Земајќи го мотивот од митологијата, Есхил го опеал Прометеј како симбол на постојаниот човеков стремеж за развиток, создавајќи го еден од најсилните ликови во историјата на драмата. Ова дело претставувало дел од тетралогијата, заедно со драмите „Ослободениот Прометеј“ (како втор дел) и „Прометеј Огноносецот“ (како трет дел), но не се знае насловот на четвртиот дел. Притоа, во „Ослободениот Прометеј“ Прометеј и Зевс се помируваат, а боговите не се противат на човековиот стремеж за напредок. За „Прометеј Огноносецот“ се претспоставува дека го обработувал митот за празникот на Прометеј.Miloš N. Đurić, „Beleška o piscu“, во: Eshil, Persijanci – Okovani Prometej. Beograd: Rad, 1963, стр. 119-121.
Наводи
Категорија:Дела на Есхил Категорија:Старогрчки драми