Хилверсум () — општина и град во Холандија, во покраината Северна Холандија. Се наоѓа во областа „Хет Гои“, каде што е и најголем град во истата. Опкружен е со ливади, пасишта, езера и помали градови и села кој му даваат посебна убавина на Хилверсум. Тој е дел од Ранстад, најголемата конурбација во Европа.

Хилверсум се наоѓа на 31 километри југоисточно од Амстердам и 12 километри северно од Утрехт. Градот често го викаат медиумски град, бидејќи е главен центар за радио и телевизија во Холандија. Радио Холандија се слуша во цел свет токму од Хилверсум почнувајќи од 1920 година. Хилверсум е дом на многу аудио и телевизиски стидија, кои припаѓаат на националната холандска телевизија NOS (Nederlandse Omroep Stichting), како и на сите холандски радиодифузни организации и други комерцијални телевизии и медиумски претпријатија. Холандското гласање за Евровизија обично се одвива во Хилверсум.

Според проценките од 2014 година во градот живееле околу 86.795 жители.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Градови во Холандија Категорија:Општини во Северна Холандија Категорија:Населени места во Северна Холандија