Лука Пуј () , – француски професионален тенисер. Најдобар пласман во сингл-натпреварите имал на 11 јули 2016 година, кога го држел 21 место на списокот на АТП. Татко му е од Франција, а мајка му од Финска.
Кариера Пуј најдобрите резултати на турнирите во поединечна конкуренција ги постигнал во 2016 година: финале на турнирот во Букурешт во кое бил поразен од Шпанецот Фернандо Вердаско и полуфинале на мастерсот во Рим каде бил запрен од Британецот Енди Мари ").
Истата година на Отвореното првенство на Австралија во конкуренција на парови дошол до полуфинале заедно со сонародникот Манарино каде изгубиле од парот Џејми Мари – Бруно Соарес. Претходно во четвртфиналето ги победиле првите носители Ројер – Текау.
Најдобри резултати на гренд слемовите постигнал во 2016 година кога играл во четвртфиналето на Вимблдон и на Отвореното првенство на САД.
Наводи
Категорија:Француски тенисери