Бобан Стајиќ (роден на во Скопје) — македонски професионален кошаркар кој настапува за Пелистер.

Клупска кариера Младинска кариера Со МЗТ, Стајиќ станал првак со М-20 составот (генерација 1996/1997) во сезоната 2014/15.

Професионална кариера Својата професионална кариера ја започнал во сезоната 2011/12 составот на Лирија. Следната сезона продолжил во Лирија. За сезоната 2013/14 Стајиќ потпишал за МЗТ Аеродром. Таа сезона Стајиќ со МЗТ ја освоил Првата лига и Купот на Македонија 2014. Но паралелно, истата сезона, тој бил приклучен во т.н. Младинска репрезентација на Македонија, проект-екипа која се натпреварувала надвор од конкуренција во Првата лига. Во МЗТ останал и за сезоната 2014/15 каде станал првак на Првенството. Во август 2015 година, тој и МЗТ Аеродром спогодбено го раскинале договорот. Неколку дена подоцна, Стајиќ потпишал за Фени Индустри. Таа сезона 2015/16 со Фени стигнал до полуфиналето во Првенството. Следната сезона останал во Фени, со кој станал вицепрвак во Купот на Македонија 2017. Во јули 2017 година, Стајиќ повторно потпишал за МЗТ Аеродром. Во МЗТ не останал долго и во ноември истата година се преместил во Куманово 2009. За сезоната 2018/19, Стајиќ се преселил во Работнички. Со Работнички, Стајиќ го освоил Купот 2019, додека во Првенството бил вицепрвак. Бобан ја променил средината и потпишал за Кожув за сезоната 2019/20. На крајот на мај 2020 година, Стајиќ потпишал за Пелистер.

мини|(Куманово - Блокотехна) 2017г. мини|(Куманово - Блокотехна) 02.05 мини|(Куманово - Блокотехна) 02.05 мини|(Куманово - Блокотехна) 02.05.2018 мини|(Куманово - Гостивар) мини|(Куманово - Гостивар) 2017г. мини|(Куманово - Гостивар) 2017г. мини|(Куманово - Карпош Соколи) 26.01.2018 мини|(Куманово - Пелистер) 02.12.2017

Репрезентативна кариера Младинска репрезентација Стајиќ има настапувано за кошаркарската репрезентација на Македонија под 20 години.

А репрезентација Во јануари 2020 година, селекторот на Македонија, Александар Тодоров го објавил поширокиот состав за февруарските квалификации за Евробаскетот 2021 во кој бил вклучен Стајиќ. Но во февруари, по првиот филтер, тој отпаднал од составот.

Успеси

Титули МЗТ Аеродром Прва македонска лига (2) : 2013/14, 2014/15 Куп на Македонија (1) : 2014 Работнички Куп на Македонија (1) : 2019

Признанија Почесно споменување во сезоната 2016/17 Почесно споменување во сезоната 2017/18 Трета најдобра петорка на сезоната 2018/19 Почесно споменување во сезоната 2019/20

Наводи

Надворешни врски Профил на Бобан Стајиќ на Eurobasket.com Профил на Бобан Стајиќ на abaliga.com

Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1993 година Категорија:Кошаркари од Скопје Категорија:Кошаркари на КК Работнички Категорија:Кошаркари на КК МЗТ Скопје Категорија:Кошаркари на КК Лирија Категорија:Кошаркари на КК Пелистер Категорија:Кошаркари на КК Тиквеш