Кристофер "Кит" Кејтсби Харингтон (роден на 26 декември 1986 г.) — англиски глумец.
Тој станал познат играјќи го ликот на Џон Сноу во наградуваната телевизиска серија Игра на тронови, која му донела номинација за Еми награда во 2016 година. Харингтон исто така играл главни улоги во филмовите Помпеја (2014), Тестамент на младоста (2014), и Шпиони: Општо добро (2015), како и споредни улоги во филмовите Сајлент Хил: Откровение (2012) и Седмиот син (2014). Во 2014 година, Харингтон го позајмил својот глас во анимираниот акционен филм Како да го тренираш твојот змеј 2.
Личен живот Во 2016 година, Харингтон потврдил дека е во врска со колешката од Игра на тронови, Роуз Лесли од 2012 година.
На 12 септември 2016, Харингтон, заедно со колегите Кејт Бланшет, Чуетел Еџиофор, Питер Капалди, Даглас Бут, Нил Гејман, Кира Најтли, Џулиет Стивенсон, Џеси Ајзенберг, и Стенли Тучи, учествувал во видео од агенцијата за бегалци УНХЦР на ООН со цел да се зголеми свесноста за светската бегалска криза. Во видеото, со наслов "Што тие земале со себе", глумците читаат поема, напишана од Џенифер Токсвиг и инспирирана од основните профили на бегалците, и е дел од кампањата #WithRefugees на УНХЦР, која исто така вклучува петиција до владите да го зголемат бројот на потврдни азил барања, обезбедувајќи им на бегалците засолниште, можност за работа и образование.
Филмографија Филм Година Наслов Улога Белешки 2012 Сајлент Хил: Откритие Винсент Смит 2014 Помпеја Мајло Главна улога 2014 Како да го тренираш твојот змеј 2 Ерет Гласовна улога 2014 Тестамент на младоста Роланд Лејтон 2014 Седмиот син Били Бредли 2015 Шпиони: Општо добро Вил Холовеј 2016 Сулфур Самуел 2017 ''Смртта и животот на Џон Ф. Донован Џон Ф. Донован Се снима
Телевизија Година Наслов Улога Белешки 2011–сè уште Игра на тронови Џон Сноу Главна улога 2015 Седум дена во пеколот Чарлс Пул ТВ филм
Театар Година Наслов Улога Театар 2008–2009 Воен коњ Алберт Наракот Национален кралски театар и Театар Нов Лондон 2010 Луксуз Ед Монтгомери Театар Ројал Корт 2015 Глас Колин Хендерсон Donmar Warehouse 2016 Доктор Фаустус Фаустус Театар на Војводата од Јорк
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Родени во 1986 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Англиски глумци Категорија:Луѓе од Лондон Категорија:Англиски филмски глумци