мини|десно|исправено|260px|Долан наКански филмски фестивал 2016

Ксавие Долан (роден на 20 март 1989) — канадски глумец, режисер, сценарист, уредник, костимограф и гласовен глумец. Својата кариера ја започна уште како дете, појавувајќи се во реклами. Подоцна започна со режирање на неколку независни филмови, од кои најголем меѓународен успех постигна со неговиот прв филм Ја убив мајка ми (J'ai tué ма mère), кој премиерно беше прикажан на Канскиот Филмски Фестивал во 2009 година. Оттогаш има освоено многу награди за неговите филмски дела, вклучувајќи ја и Наградата од жирито на Канскиот Филмски Фестивал во 2014 година за филмот Мама (Mommy), како и Големата награда во 2016 година, исто така во Кан, за филмот Само крај на светот (Juste la fin du monde).

Почетокот на животот Долан е роден во Монтреал, Квебек, Канада.

Личен живот Долан е геј, а филмот Ја убив мајка ми го истакна како полуавтобиографски. Тој го спомена филмот Титаник како едно од раните влијанија врз неговата одлука да влези во филмската индустрија.

Наводи

Категорија:Родени во 1989 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Канадски глумци