Андреј Магдевски (р. во ) — македонски професионален кошаркар, кој моментално игра за МЗТ Аеродром во Првата македонска лига.

Кариера Како младински играч има настапувано во тренинг камповите на Реал Мадрид и Партизан, а летото 2014 година потпишал за Малага кои го позајмиле.

На 29 септември 2015 година, Магдевски потпишал едногодишен договор со Партизан. На 23 септември 2016 година за првпат потпишал за македонска екипа, КК Фени Индустри. За сезоната 2017/18, тој ја продолжил соработката со Фени. На полусезоната Магдевски го напуштил Фени поради финансиската состојба во клубот, и потпишал за Гостивар на почетокот на 2018 година. Во август 2018 година, Магдевски потпишал за МЗТ Аеродром. Таа сезона, Магдевски го освоил македонското првенство. Во јули 2019 година, Магдевски потпишал двегодишен договор со МЗТ Аеродром. Во мај, тој го освоил Купот на Македонија 2021.

Репрезентација На квалификациите за Евробаскет 2015 година Магдевски првпат настапил за македонската кошаркарска репрезентација каде настапил на шест натпревари, остварувајќи просек од 3,8 бода и 16,5 минути по натпревар.

Во 2016 година, Магдевски повторно бил одбран да настапи за македонската репрезентација и по 6 одиграни натпревари забележал просек од 4,8 бода, 4,7 скока, 1,8 асистенции и 22,7 минути по натпревар.

Магдевски бил вклучен во претквалификациите за Евробаскетот 2021. Во јануари 2020 година, селекторот на Македонија, Александар Тодоров го објавил поширокиот состав за февруарските квалификации за Евробаскетот 2021 во кој бил вклучен Магдевски. Потоа во февруари, тој бил избран во составот на репрезентацијата.

Успеси

Титули МЗТ Аеродром Прва македонска лига (1) : 2018/19 Куп на Македонија (1) : 2021

Признанија Најдобар млад кошаркар за 2012 година Најдобар млад кошаркар за 2013 година Најдобар млад кошаркар за 2014 година Одбранбен играч на сезоната 2017/18 Втора најдобра петорка на сезоната 2017/18 Најдобра домашна петорка на сезоната 2017/18 Трета најдобра петорка на сезоната 2018/19 Почесно споменување во сезоната 2019/20

Наводи

Надворешни врски Andrej Magdevski АБА Лига Andrej Magdevski Евро-Лига Andrej Magdevski competiciones.feb.es Andrej Magdevski regeneracomsports.com Andrej Magdevski ФИБА

Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1996 година Категорија:Кошаркари од Скопје