Северен Остров (, ) — еден од двата главни острова на Нов Зеланд, од кои другиот е Јужниот Остров.На некои карти од XIX век, Северниот Остров е наречен New Munster (Нов Манстер). Островот зафаќа површина од 113.729 км2 Статистика Нов Зеланд Geography - physical features , и како таков е 14-тиот остров по големина во светот.

На Северниот Остров се наоѓаат неколку важни градови како најголемиот во државата, Окленд, и главниот град Велингтон кој се наоѓа на јужниот крај од островот. Околу 76% од населението на Нов Зеланд живее на Северниот Остров.

Според преданијата на маорската митологија, Северниот и Јужниот Остров потекнуваат од времето на Мауи, кој бил полубог. Тој рибарел заедно со браќата од нивниот чун (Јужниот Остров) и фатил голема риба која ја извлекол од морето. Додека вниманието му било свртено на нешто друго, браќата на Мауи се истепале за рибата и така ја распарчиле. Оваа голема риба станала Северниот Остров и затоа на маорски тој е наречен Te Ika-a-Māui („Рибата на Мауи“). Се сметало дека планините и долините се резултат на парчосувањето на рибата при борбата помеѓу браќата.Сè до раниот XX век, друго маорско име за Северниот Остров било Аотеароа. Денес името Аотеароа се однесува на целиот Нов Зеланд.

Региони на Северниот Остров

Северниот Остров, и околните острови и територијални води ги покриваат девет региони.

Нортленд Окленд Залив Пленти Гизборн Ваикато Таранаки Манавату-Вангануи Хоков Залив Велингтон

Градови на Северниот Остров (помали населени места може да се најдат на Список на градови во Нов Зеланд.)

Велингтон Гизборн Кембриџ Керикери Коромандел Матамата Мастертон Нејпиер Нов Плимут Окленд Палмерстон Север Парапарауму Пахиатуа Раглан Роторуа Стратфорд Таупо Тауранга Фокстон Хамилтон Хантли Хејстингс

Географски поими Ваикато (река) Ваипујска каури-шума Ваитомски пештери Куков Проток Реинга ('рт) Таупо (езеро) Тетауматафакатангихангакоауаотаматеаурехаеатурипукапихимаунгахоронукупокаифенуаакитанараху Национален парк Тонгариро

Наводи

Категорија:Острови на Нов Зеланд