Јошинори Осуми (); (, ) – јапонски цитолог, специјалист по автофагија, професор на Токискиот институт за технологија. Во 2012 година ја добил наградата Кјото за базични наукиLawrence Biemiller, "Kyoto Prize Is Awarded to 3 Scholars" The Chronicle of Higher Education Nov. 10, 2012 , а во 2016 година ја добил Нобеловата награда за физиологија или медицина за неговото откритие на механизмите на автофагијаЈапонскиот научник Јошинори Осуми добитник на Нобеловата награда за медицина.
Животопис Јошинори Осуми е роден на 9 февруари 1945 година во Фукуока, Јапонија.
Образование На универзитетот Токио Осуми дипломирал во 1967, а докторирал во 1974 година. Од 1974 до 1977 година бил на постдокторски студии на универзитетот Рокфелер во Њујорк.
Кариера Во 1977 година се враќа на универзитетот Токио како истражувач; во 1986 е назначен за предавач, а во 1988 е промовиран во вонреден професор. Во 1996 година преминал на Националниот институт за базична биологија во Оказаки, Јапонија, каде бил назначен за професор. Од 2004 до 2009 година бил исто така професор на Универзитот за напредни студии во Хајама, Јапонија. И после пензионирањето во 2014 година, тој продолжува да предава на Институтот за иновативно истражување на Токискиот институт за технологија.
Во 2016 година ја добил Нобеловата награда за физиологија или медицина за своето откритие на механизмите за автофагија.
Награди Нобелова награда за физиологија или медицина за 2016 година Вајлиева награда за биомедицински науки (2016) Меѓународна награда за биологија (2015) Награда Розенстил (2015) Награда Гајрднер (2015) Награда Кјото за базични науки (2012) Награда на Јапонската академија (2006)
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Јапонски биолози Категорија:Цитолози Категорија:Јапонски нобеловци Категорија:Добитници на Нобеловата награда за физиологија или медицина Категорија:Живи луѓе