300px|мини|Мајка и ќерка Отуѓувањето (на детето) од родителот претставува процес и резултат на психолошка манипулација на детето, кое покажува неоправдан страв, непочитување или непријателство кон родителот и/или други членови на семејството.Warshak, R. A. (2010). Ова е препознатлив и широко распространет облик на психичко и на семејно насилство над детето и над отфрлените членови на семејството кој се јавува речиси исклучиво во случаи на разделување или развод помеѓу сопружниците (особено ако е во тек судска постапка)Baker, AJL (2014). , и кој ги поткопува основните начела на Универзалната декларација за човекови права и на Конвенцијата за правата на детето. Најчесто причината за оваа појава е родителот кој сака да го исклучи другиот родител од животот на своето дете, но за отуѓувањето може значително да придонесат и други членови на семејството или пријатели, како и стручни лица чиј предмет на работа е семејството (вклучувајќи психолози, социјални работници, правници и судии).Warshak, R. A. (2010).Warshak, R.A. (2015). Ова често доведува до долгорочно, па дури и до трајно отуѓување на детето од едниот родител и од другите членови на семејството по линија на тој родителBaker, Amy, J.L. (2007). , и како едно мошне непријатно искуство од детството, последиците од него се значително зголемен ризик за ментално и физичко разболување на детето.
Воведен опис Првпат опишано во 1976 година како "патолошка класификација", оваа динамика се однесува на ситуација кога детето неразумно го одбива родителот со кого не живее.Bow, JN (2009). Richard A. Гарднер во 1980 година врз основа на своето клиничко искуство во работа со деца на разведени родители, го воведе поимот синдром на родителско отуѓување. После него, други истражувачи предлагаат помалку внимание да се насочи на дијагностицирање на синдромот, а повеќе на, како што е опишано погоре, „отуѓеното дете“, како и на динамиката на ситуацијата која придонела за отуѓување.Bala, N (2007). Jaffe, PG (2002). Од овој агол на отуѓувањето се гледа како на престанок на приврзаноста помеѓу родителот и детето, и истиот може да биде предизвикан од повеќе фактори. Однесувањето на сите членови на семејството, вклучувајќи го и она на отуѓениот родител, може да доведе до семејна дисфункционалност и отфрлање на родителот.Ackerman MJ (2001). Waldron, KH (1996). При оценување на случаите на родителско отуѓување, се препорачува да се земат предвид сите фактори кои довеле до отуѓување, како и сите можни методи на лечење..Sparta, SN (2006).
Родителското отуѓување нема една утврдена дефиниција и своето постоење, етиологија, одлики и особено концептот синдром на родителско отуѓување се предмет на расправа. Некои формулации на концептот ја нагласуваат улогата на родителот-отуѓувач, нарекувајќи го различно, како родител-програматор или како „огорчен хаотичен родител." Последните описи, под влијание на истражувањето на Кели (Kelly) и Џонстон (Johnston), предлагаат покомплексна анализа, во која сите членови на семејството може да имаат влијание. Ова "системски втемелено" гледиште признава дека детето може да биде отуѓено од едниот родител без "отуѓувачко" однесување од страна на другиот родител. Поновите трудови, на пример оние на д-р Крег Чајлдрес (Dr Craig Childress) (2015) го отфрлаат името "синдром" и појавата ја нарекуваат како „отуѓување од родителот кое се темели на приврзаност“. Наведувајќи исцрпна стручна литература со која ги поткрепува своите тврдења, појавата ја објаснува како последица од искривената приврзаност која кај детето настанала под влијание на патогениот родител поради меѓугенерациски пренос на траума, поради што тој родител со детето создава меѓугенерациски сојуз, втурнувајќи го детето во судир со другиот родител и оживувајќи ја својата траума од детството преку лажна драма во која учествуваат детето-жртва, родителот-насилник и родителот-заштитник. Неговата дијагностичка листа се разликува од гарднеријанската и се повикува на три главни симптоми кои се јасно видливи кај детето: потиснат систем на приврзаност кон отфрлениот родител, знаци на нарушување на личноста кои се видливи кај детето или фобична анксиозност кон едниот родител и фиксирана манија, при што последните две кај децата не можат да се развијат освен ако не се поттикнати под влијание на возрасно лице. Клиничарите во оваа област (д-р Чајлдрес, д-р Бејкер) сметаат дека детето, освен во случаи на тешко и долготрајно злоставување или инцест, не го отфрлаат едниот родител ако на тоа не е принудено од другиот родител, и/или околината.
Самата појава е спротивна на логиката поради тоа што детето всушност се врзува со родителот кој го отуѓува (злоставува), додека пак го отфрла родителот чие родителство е сосема примерно. Ова е особено поради тоа што родителот отуѓувач во опкружувањето се прикажува како подобар родител, како задоволен и како некој кој навидум со детето има идеален однос, додека отфрлениот родител е несреќен, фрустриран и честопати не е во состојба да се претстави во сосема позитивно светло. Однесувањето на родителот кој го отуѓува детето од другиот родител може да биде свесно и со намера, несвесно, или може да биде одраз на недостаток на свест за влијанието врз детето. Директно отуѓување претставува кога едниот родител активно го поткопува другиот родител, на пример кога дава навредливи коментари за другиот родител, кога на детето му кажува дека другиот родител е виновен за разводот или за финансиските проблеми. Индиректно отуѓување е кога родителот не го поддржува детето да контактира со другиот родител или молчешкум прифаќа негативно однесување и коментари на детето кон другиот родител.
Поголемиот дел од литературата во врска со оваа појава, која пак од своја страна е оценета од други стручни лица, е во форма на описи и дефиниции (овде спаѓаат трудови објавени во научни и стручни списанија, но не и книги, бидејќи книгите не се оценуваат на тој начин, туку преку рецензии и критики). Спроведени се и некои емпириски истражувања, но квалитетот на овие истражувања варира. Во тек се понатамошни истражувања кои ги спроведуваат бројни научници и експерти во оваа област, а основана е и Студиска група за родителско отуѓување. Д-р Кловар (Dr. Clawar) и Ривкин (Ms Rivkin) изработија надолжна студија која вклучува 1,000 случаи. Отстапувањето поради избор на примерокот е проблем во многу од студиите. На пример, кога се разговара со отуѓени деца, голема е веројатноста дека оние кои се избрани за студијата се токму оние кои се најтешко отуѓени и оние кои најмногу биле погодени. Во литературата која е оценета од други стручни лица има голем број на искази и тврдења на судии, адвокати и експерти за ментално здравје.
Прифатеност кај струката Второстепените и вишите судови ширум светот го признаваат родителското отуѓување како форма на злоставување на децата која има долгорочни и штетни последици за истите. Некои правни системи, меѓу најновите спаѓаат Бразил и Мексико, го имаат вброено родителското отуѓување во кривични дела.Pagers , Parental Alienation Awareness Association. Во други правни системи пак може да дојде до стопирање на алиментацијата во случаите на родителско отуѓување. Така на пример, во Њујорк, во случајот Роберт Коул против Памела Ротман (Robert Coull v. Pamela Rottman), бр. 2014-01516, 2015 NY App. Div. LEXIS 6611 (2 септември 2015), каде таткото бил спречен да го гледа својот син од страна на мајката на детето поради нејзиниот начин на отуѓувачко однесување, била укината обврската за исплаќање на издршка за детето. Некои судови во САД пробаа да го решат проблемот преку задолжителна терапија за реунификација, но во моментов не постои федерален или државен закон во САД со кој се регулираат случаите на родителското отуѓување., "Should Parental Alienation Be A Crime?" - Wallin & Klarich Family Law Како резултат на недовреба во вештаците психолози,See Margaret A. Hagen, Whores of the Court. многу судови ја бараат стручната акредитација и статусот на сите оние кои се повикуваат на поимот родителско отуѓување.
Историјата на родителско отуѓување укажува на неговото се` поголемо признавање како медицинска состојба. Во 1996 година Претседателската работна група за насилство и семејство при Американското здружение на психолози (APA) укажа на отсуството на податоци кои би го докажале синдромот на родителско отуѓување (РАЅ) и изрази резервираност во врска со употребата на тој израз. Сепак, на 1 јануари 2008 година АРА издаде соопштение во кое се наведува дека организацијата нема официјален став во однос на синдромот на родителско отуѓување (PAS).Statement on Parental Alienation Syndrome. pristupljeno 2015-11-25 Резултатите од анкетата спроведена меѓу правници и експерти за ментално здравје од 2009 година покажуваат дека постои умерена поддршка за прифаќање на постоењето на родителско отуѓување. Сепак, се` уште постои отпор кон прифаќање на фактот за постоење на синдромот на родителско отуѓување. Вилијам Бернет (William Bernet), во петтото издание на Дијагностичкиот и статистички прирачник за ментални нарушувања DSM-5 кој беше издаден во 2013 година, се заложи за вклучување на нарушувањето предизвикано од родителско отуѓување како дијагноза која се однесува на отуѓување од родителот. Неговата концепција се однесува на отуѓување од родителот и различни други описи на однесување за кои верува дека претставуваат основен концепт на нарушувањето предизвикано од родителско отуѓување.Bernet, W (2008). И покрај лобирањето од страна на предлагачите,Rotstein, Gary. во декември 2012 година овој предлог беше одбиен.American Psychiatric Association Board of Trustees Approves DSM-5-Diagnostic manual passes major milestone before May 2013 publication . Некои укажуваа на тоа дека генералната идеја на синдромот е опфатена во DSM-5 во тесно поврзаната дијагноза: "Релациски проблем родител-дете". На пример, перцепцијата на детето за отуѓениот родител "може да вклучува негативни атрибути за намерите на тој родител, непријателство кон него, перманентно обвинување на другиот (родител) како и неосновани чувства на оддалеченост од истиот."Kay, B. (2013).Franklin, R. (2013).
Во анкетата на Здружението на семејни и медијаторски судови од 2010 година, 98% од 300 испитаници одговориле потврдно на прашањето: "Дали сметате дека некои деца поради манипулација од страна на едниот родител ирационално и неоправдано го отфрлаат другиот родител?".Lorandos, D., W. Bernet and S.R. Sauber (2013). Сепак, синдромот на родителско отуѓување не се однесува на оваа манипулација, туку на отфрлањето на едниот родител од страна на детето. Асоцијацијата на американски психијатри и Асоцијацијата на американски психолози имаат неутрален поглед во однос на синдромот на родителско отуѓување 'Parental Alienation, DSM-5, and ICD-11: Response to Critics' William Bernet, MD and Amy J. L. Baker, PhD (2013) и во 28 сојузни држави РАЅ не го исполнува фрајовиот тест за прифаќање во судотGiannelli, supra note 205, at 1228 & n.241 (listing 22 jurisdictions that have adopted various forms of the Rules); Lacey, supra note 205, at 257 n.6 ("The Rules are now in effect in over twenty American jurisdictions.. Сепак, со оглед на тоа дека фрајовиот тест е суспендиран со "Федералните правила за изведување докази" на Врховниот Суд на САД,Daubert v. голем број на адвокати и судски вештаци специјализирани за различни типови на патологии (вклучувајќи ментални трауми и пореметувања на личноста или на приврзаност) тврдат дека родителите понекогаш го уништуваат односот на детето со другиот родител предизвикувајќи во детето патологија која е опишана во DSM-5.
Разликување Реалното оддалечување е феномен кој се разликува од "патолошкото отуѓување". Во првото се работи за разбирливо одбивање на детето да се гледа со родителот злоставувач, додека во второто станува збор за отуѓување кое што е емоционално штетно и неосновано.
Други пристапи