Опава (, , , ) — град во северна Чешка на реката Опава, сместен северозападно од Острава. Историски главен град на Чешка Шлеска, Опава сега се наоаѓа во Моравскошлескиот крај и има население од околу 60.000 жители

Историја Првите пишани податоци за постоењето на Опава потекнуваат од 1195 година. Според магдебуршкото право, Опава добил статус на град во 1224 година. Градот бил престолнина на Опавското војводство.

Во 1614 година Карло I од Лихтенштајн станал војвода на Опава. Откако поголемиот дел од Шлеска бил припоен кон Кралството Прусија за време на војната за австриското наследство по 1740 година, останатата шлеска територија која сè уште била под контрола на Хабсбуршката Монархија станала позната како Австриска Шлеска, со престолнина во Тропау. (1742–1918). Тропаускиот конгрес бил одржан во градот во периодот 27 октомври - 17 декември 1820 година.Chronologie des civilisations, Jean Delorme, Presses universitaires de France, 1956

Според австрискиот попис од 1910 година, градот имал 30,762 жители, од кои 29,587 имале трајно живеалиште. Пописот покажал дека на 27,240 од жителите (92%) мајчин јазик е германскиот, на 2,039 (6.9%) мајчин јазик е чешкиот јазик, а пак 274 жители (0.9%) говореле полски јазик. На евреите не им било дозволено да се изјаснат дека зборуваат јидиш, и најголемиот дел од нив го пријавиле германскиот јазик. Главна религиозна група била католиците со 28,379 (92.2%), следени од протестантите со 1,155 (3.7%) и евреите со 1,112 жители (3.6%).Ludwig Patryn (ed): Die Ergebnisse der Volkszählung vom 31. Dezember 1910 in Schlesien , Troppau 1912.

По поразот на Австроунгарија во првата светска војна, Тропау станал дел од Чехословачка во 1919 година како Опава.

Во периодот 1938–45 година, Опава бил дел од Нацистичка Германија во согласност со минхенскиот договор. Еден ден пред германското приспојување на судетската област во 1938 година, градот се одделил од својот округ и станал независен град. По завршувањето на втората светска војна, целото германско население од Опава било насилно протерано во 1945–46 под услови утврдени во бенешовите декрети; градот бил повторно населен од чеси. Голем дел од протераното население се населил во Бамберг, Германија.

И покрај тоа што Опавското војводство повеќе не постои, титулуата Војвода на Тропау сè уште се употребува, и нејзин носител во моментов е Ханс-Адам II, кнез на Лихтенштајн.

Географија Опава се наоѓа во североисточниот дел на Чешка, на самата граница со Полска (само 5 км). Градот е оддалечен од главниот град Прага 340 километри источно. Од Острава, првиот поголем град, Опава е оддалечен 35 километри.

Релјеф: Опава се наоѓа во историската област Шлеска и припаѓа на нејзиниот западен дел. Градот се наоѓа на нерамен терен на приближно 250 метри надморска височина. Западно од градот се издигнува планинскиот масив Јасеники.

Клима: Климата во областа Опава е умерено-континентална.

Реки: Низ Опава протекува истоимената река Опава.

Население + Движење на населението во ОпаваГодина186918801890190019101921193019501961197019801991200120052011Население 27 011 32 105 35 698 42 043 47 361 49 366 54 263 40 633 48 091 53 269 58 788 62 815 61 382 60 345 58 709

Економија и култура

Опава моментално е важен бизнис и културен центар на Опавска Шлеска. Во градот се сместени неколку економски и културни институции кои го опслужуваат целиот крај, вклуувајќи го Шлескиот музеј кој е најстар музеј во Чешка,About Silesian Land's Museum (in czech) – "Slezské zemské muzeum je nejstarší muzeum v České republice. Bylo založeno v Opavě 1. května 1814." → "Шлескиот музеј е најстар музеј во Чешка. Тој бил отворен во Опава на 1 мај 1814 година." и Шлескиот институт на академијата на науки. Во Опава се наоѓа единствениот државен универзитет во државата кој не е статициониран во главен град на еден крај, Шлескиот универзитет, основан во 1991 година. Градот е дел од индустриска зона заедно со Острава и тука се произведува рударска опрема. Опава исто така доделува своја награда на културата.

Шлескиот театар во Опава бил отворен во 1805 година. Претставите биле изведувани на германски јазик сè до крајот на втората светска војна.

Значајни личности Џој Адамсон, природонаучник Франц Бардон, магионичар Петр Безруч, поет Едуард фон Бем-Ермоли, австриски војсководец Макс Ешиг, музички издавач во Франција Хелмут Нидермејер, австриски стопанственик Мартин Опавски, историчар од 13. век Јозеф Марија Олбрих, архитект Зузана Ондрашкова, тенисерка Јохан Пализа, астроном Борис Реснер, глумец Богдан Слама, филмски режисер Павел Сложил, тенисер Јосеф Гебауер, историчар

Партнерски градови Градот Опава официјално е збратимен со следниве градови: Раќибуж, Полска Рот, Германија Липтовски Микулаш, Словачка Живјец, Полска

Наводи

Надворешни врски

Официјално мрежно место Вести од Опава staraopava.cz Стари разгледници (на чешки)

Категорија:Градови во Шлеска Категорија:Градови во Чешка