мини|десно|250п|Дел од поголема збирка тврдокрилци Ентомологија (од старогр. , „инсект“ и , „наука“) — гранка на зоологија која се занимава со изучување на инсектите, најразновидната група животни со 1,3 милиони опишани видови, или повеќе од две третини од сите познати организми.
Историја Научното разгледување на инсектите води потекло од XVI век.Antonio Saltini, Storia delle scienze agrarie, 4 vols, Bologna 1984-89, ISBN 88-206-2412-5, ISBN 88-206-2413-3, ISBN 88-206-2414-1, ISBN 88-206-2415-X, а за татко на ентомологијата се смета Вилијам Кирби (1759-1850), кој во соработка со Вилијам Спенс, објавил енциклопедија „Вовед во ентомологијата“ (Introduction to Entomology), и со тоа ги удрил темелите на оваа наука. Во 1833 г. бил еден од основачите на Кралското ентомолошко друштво во Лондон, едно од првите вакви друштва во светот.
Во XIX и XX век, ентомологијата доживеала засилен развој и се здобила со големо присуство во јавноста; ја изучувале голем број луѓе, меѓу кои и Чарс Дарвин, Жан-Андри Фабр, Владимир Набоков, Карл фон Фриш (добитник на Нобеловата награда за физиологија или медицина во 1973 г.), и двократниот добитник на Пулицеровата награда за небелетристика, Едвард Озборн Вилсон.
Распознавање на инсектите Повеќето инсекти лесно се распознаваат по тоа дали се ципокрилци (пчели, оси и мравки) и тврдокрилци (бубачки). Меѓутоа, со исклучок на пеперугите и молците, инсектите се препознаваат по родот или видот само со помош на клучеви за распознавање и со монографии. Распознавањето може да биде тешко дури и за стручњаците поради огромниот број видови (на пр. преку 330.000 кај тврдокрилците) и ситните одлики што ги разликуваат, понекогаш видливи само со микроскоп). Овој проблем довел до разработка на системи за автоматско препознавање на видовите, како што се: DAISY, ABIS, SPIDA и Draw-wing.
Таксономски области
Многу ентомолози се специјалисти за еден ред, па дури и семејство инсекти, па оттука постојат многу области на задршка со свои називи, најчесто добиени по научното име на групата:
апиологија (или мелитологија) — пчели веспологија — друштвени оси диптерологија — муви изоптерологија — термити колеоптерологија — тврдокрилци лепидоптерологија — молци и пеперуги мирмекологија — мравки ортоптерологија — скакулци, штурци итн. трихоптерологија — водни молци хемиптерологија — вистински бубачки
Ентомологијата во Македонија
Ентомолошки организации во Македонија Македонско ентомолошко друштво Ентомолошко друштво за истражување и конзервација на биодиверзитетот и одржливиот развој Ентомолошка секција на Истражувачкото друштво на студенти биолози од Скопје
Македонски ентомолози Зора Караман (1907-1974) Љупка Хаџи-Ристова (р. 1931) — шумарски ентомолог Ефтим Анчев (р. 1945) — земјоделски ентомолог Владимир Крпач (р. 1947) Јонче Чинговски (1926-1983)
Странски проучувачи Меѓу странските проучувачи на инсектите на Македонија се издвојуваат:
Виктор Апфелбек (Австрија, 1859-1934) Николај Баранов (Русија, 1887-?) Крсто Тулешков (Бугарија, 1901-1976) — директор на Природонаучниот музеј во Скопје за време на окупацијата во Втората светска војна
Поврзано Арахнологија Миријаподологија Судска ентомологија
Наводи
Надворешни врски
Ентомолошка секција — Истражувачко друштво на студенти биолози Одделение за ентомологија — Природонаучен музеј Скопје Македонска ентомолошка литература во библиотеките
Категорија:Гранки на зоологијата