Сталова Вола ( — град кој се наоѓа во Полска, во Поткарпатското Војводство, со население од 64.353 жители според податоци од 2008 година.. Сталова Вола е седиште на Сталововолскиот Округ.

Историја

Сталова Вола бил изграден на местото каде се наоѓало селото Плаво, помеѓу античките градови Ниско и Росвадов. Селото за првпат се споменува во првата половина на 15 век. Во доцниот 15 век селото било на кралското семејство. Во 1656 година, областа на Плаво било местото на битката помеѓу полските и шведските армии. Тука, во сливот на реките Сан и Висла, шведските војници на кралот Густав биле опколени од страна на Стефан Чарнецки.

Од 1772 до 1918 година, областа била дел од австриската провинција Галиција во приватна сопственост. Во почетокот на 1937 година, Владата на Втората полска република го прифатила проектот за изградба на индустриски зони. така овде била изградена нова фабрика за челик. Пред почетокот на Втората светска војна, работеле неколку одделенија на мелницата и биле изградени неколку станови.

Во текот на Втората светска војна, Сталова Вола била еден од центрите на Армија Крајова. Населбата била ослободена од страна на Црвената армија во август 1944 година, а на 1 април 1945 година. Во 1948 година, мелницата го сменила своето име во Хута Сталова Вола и во 1953 година била формирана посебна урбана област градот. Градот бил еден од центрите на протестите на работниците во 1988 година.

Географија

Сталова Вола е најголемиот град и главен град на Сталоваволскиот Округ. Градот се наоѓа во југоисточниот дел на Полска, во историскиот регион Мала Полска, во близина на сливот на реките Висла и Сан и зафаќа површина од 82,5 км2.. Сталова Вола е еден од најмладите градови на Полска, изграден во доцните 1930-ти, во шумите околу селото Плаво.

Население

Опис Вкупно Жени % Мажи %Население 63 434 32 691 51,96 30 473 48,04Густина на населеност (people/км2) 775,5 402,9/км2 372,6/км2

Население по години

Старосна структураhttp://www.polskawliczbach.pl/Stalowa_Wola, w oparciu o dane GUS. 690x480px

Наводи

Надворешни врски City Website Stal Stalowa Wola Miasto W Fotografii

Категорија:Градови во Поткарпатското Војводство Категорија:Сталововолски Округ