Мост () — град во Чешка, во рамките на историската област Чешка. Мост е вториот по големина град во административниот центар Устечкиот крај. Градот го добил името по многубројните мостови.
Историја Подрачјето на Мост било населено уште во добата на праисторијата. Населбата под тековното име, за првпат во пишани документи се споменува во 1040 година.
Во 1919 година, Мост станал дел од новосоздадената република Чехословачка. Во 1938 година Мост како населба со германско мнозинство, е отцепена од Чехословачка и заедно со Третиот рајх во рамките на Судетската област. По Втората светска војна локалните Германците биле насилно иселени од градовите во нивните матични земји. На нивно место дошле Чесите од останатите делови на државата исто како и Ромите од денешна Словачка. За време на комунизмот градот поради големиот рудник за јаглен повторно бил изграден неколку километри јужно а стариот дел бил срушен. Само старата готска црква и неколку згради останале на крајот на новиот рудник. После 1989 г.. и трансформацијата на економската структура дошло до опаѓање на активностите на тешката индустрија и до проблеми со преконструирањето на стопанството. Новите власти одлучиле дека никогаш повеќе нема да се добие толку јаглен како претходно и поради тоа пораснал степенот на невработеност и сиромаштија.
Населението Мост денес има околу 67.000 жители, а во последните години бројот на жители во градот е во стагнација. Покрај чесите, во градот живеат и словаците и Ромите
Слики од градот
Надворешни врски
Официјално мрежно место Мапа на градот
Категорија:Градови во Чешка Категорија:Устечки крај