Лимасол или Лемесос ( - Lemesos; ) — втор по големина и најважниот град во Кипар. Истовремено и најголемо пристаниште во Кипар, во последните неколку децении станал многу значаен туристички центар. Се наоѓа меѓу двата антички града Аматус и Куријон. Непосредно западно од Лимасол е подрачјето Акротири, каде се наоѓа воената база на Обединетото Кралство.
Географски одлики Лимасол се наоѓа на јужниот брег на островот Кипар. Од главниот град Никозија, е оддалечен 75 километри на југозападно, а од Ларнака 60 км западно. Лимасол се наоѓа на Акротирскиот Залив на Средоземното Море, на 0-30 метри надморска височина. Климата во Лимасол е средоземна со елементи на сува, степска клима. Просечната годишна температура е 25 степени, а количеството на врнежи е околу 410 мм/мм2.
Население Лимасол денес има околу 101.000 жители во границите на градот, и околу 165-176.700 илјади жители во поширокото градско подрачје. Мнозинско население во градот се грците, додека некогаш присутното турско малцинство се иселило после турската инвазија. Во исто време, градот е полн со илјадници грчки бегалци од северниот дел на островот. Во последните години, во градот сè повеќе се населуваат странци или економски доселеници од истокот или некогашните туристи од западот.
Знаменитости Средновековниот замок бил изграден од страна на Византија околу 1000 година. Замокот сега е музеј, а од 1790 г. до 1940 година служел како затвор. Националниот археолошки музеј има голема колекција на антиквитети од неолитското доба до староримскиот период.; Ботаничка и мала зоолошка градина; Лимасол е значаен и по лимасолскиот карневалот и винскиот фестивал. Карневалот трае 10 дена.
Литература Историја на Лимасол
Ннадворешни врски Водич низ Лимасол Официјално мрежно место Анексартизијас улица - главната улица на Лимасол
Наводи
Категорија:Градови во Кипар