Радиоаматерски сојуз на Македонија (РСМ) — непрофитно здружение на граѓани основанo во 1946 год. кое во континиутет е активно до денешен ден. Во него членуваат радиоаматерски клубови и поединечни членови. РСМ е член на Народна техника на Македонија, како и на Меѓународниот радиоаматерски сојуз (IARU).
Делокруг на активности на РСМ: популаризација на техничката култура од областа на радиоаматерството, поттикнување, развој и зацврстување на интересот кај децата и возрасните за занимавање со електроника, радиокомуникации, техничко образување и оспособување на членовите за практична примена на електрониката во радиокомуникациите, поттикнување, развој и примена на иновации во областа на електрониката, радиотехниката и телекомуникациите, организирање, координирање и реализација на активности од интерес на радиоаматерите во Република Македонија, организирање и спроведување стручна обука за радиоаматерските специјалности, остварување соработка со домашни државни органиНапис во, Нова Македонија како и со невладиниот сектор, застапување во ИАРУ – Интернационалната радиоаматерска унија, соработка со странски организации на радиоаматери, и други надлежности согласно Статутот.
Седиштето на РСМ се наоѓа во Скопје.
Почетоци Пред 1946 Времето во кое е создадена независна и слободна Република Македонија е време и за согледување на кадровската состојба во Радиоаматерскиот Сојуз на Македонија.50 години радио сојуз на Македонија - Почетоци, развој, достигнувања, РСМ, Скопје, 1996
Истакнатите македонски кадри, веднаш по распаѓањето на Кралството Југославија, се вклучуваат во НОВ. Оние што веќе беа оспособени за ракување со радио-станици, беа вклучени во борбените дејства на НОВ и ПОМ.
Долгогодишниот член на радиоаматерската организација Васко Петковски член на Комунистичката партија, добива борбена задача од Месниот Комитет од Битола, од подоцна херојски загинатиот Стив Наумов, да се уфрли во окупаторската бугарска полиција50 години радио сојуз на Македонија - Почетоци, развој, достигнувања, РСМ, Скопје, 1996, страница 21. Задачата требало да биде: како радио-телеграфист во полицијата да воспостави радио-врска со сојузничките сили,меѓу кои и со Москва. Оваа основна задача на Васко Петковски не успева да ја реализира поради искажаната недоверба од високото полициско раководство во Софија.
Веќе во втората половина на 1942 година Васко Петковски добива задача сам да изгради радио-станица, врз основа на положениот радиоаматерски конструкторски курс во Земун 1937 година. Во текот на 1942-1943 година, станицата е изградена и префрлена на слободна територија. Главниот штаб на НОВ на Македонија воспоставува врски со Врховниот штаб на НОВ и ПОЈ, Главниот штаб на НОВ на Црна Гора, Главниот штаб на грчките партизани, Штабот на бугарското партизанско движење, како и со Главниот штаб на албанското партизанско движење. Треба да се одбележи огромното значење на работата на овие радио-станици, особено ако се знае дека преку нив се слушна гласот на македонската борба во рамките на сојузничките сили.
Во село Горно Врановци, временото седиште на повеќе македонски раководни структури, Васко Петковски организира центар за врски и работилница за одржување на опремата за радио-врски. За одбележување е помошта што ја даваа радио-операторите на странските воени мисии при Главниот штаб на НОВ на Македонија.
Повеќето радиоаматери, помеѓу кои и Васко Петковски, Перо Ристовски, Тодор Џартов, Ефтим Митевски по одлука на АСНОМ се ангажирани во градба на првата дифузна радио-станица - Радио Скопје50 години радио сојуз на Македонија - Почетоци, развој, достигнувања, РСМ, Скопје, 1996, страница 23
1946 - 1993 Веднаш после првичното консолидирање на земјата, доаѓа до најавување на повеќе иницијативи и идеи за отпочнување со создавање на кадри што ќе се оспособуваат за задоволување на потребите во областа на електрониката и телекомуникациите во рамките на една стручна општествена организација.
Во 1946 година е формирана Народна техника на Македонија како асоцијација на повеќе организации за ширење на техничката култура, меѓу кои се наоѓа и Земскиот одбор на радиоаматерите на Народна Република Македонија.
За прв претседател во 1946 е избран Тодор Џартов.
Земскиот одбор отпочнува со организирање за формирање на основни организации - радиоаматерски друштва. Првото радиоаматерски друштво е формирано во Скопје, под името Радиоаматерско друштво Скопје кое ги користи просториите на претпријатието „Голгота“ во центарот на Скопје.
Паралелно со формирањето на друштво се формираат и други радио-аматерски друштва во градовите на НР Македонија. Во периодот до 1950 формирани се радиоаматерски друштва во: Битола - „Стево Патакот“, Штип - „Никола Тесла“, Струмица - „Струмица“, Охрид - „Југ“, Куманово - „Никола Тесла“, Титов Велес - „Никола Тесла“ (потоа „Кочо Рацин“), Кичево - „Никола Тесла“ (потоа „Чеде Филиповски - Даме“), Кочани - „Никола Тесла“, Гевгелија - „Никола Тесла“, Берово - „Бреза“ (потоа „Дивна“), Тетово - „Иљо Антевски - Смок“, Прилеп - „Никола Тесла“.
Овој период се одликува со појава на раздвиженост за формирање на повеќе радиоаматерски друштва. Ваквата појава дала силен импулс за понатамошниот развој на Радиоаматерскиот Сојуз на Македонија.
1993 - до денес
Претседатели Име Повикувачки знак Период Тодор Џартов - 1946 - 1955 Богољуб Теофиловски - 1955 - 1964 Перо Ивановски Z31DA 1964 - 1979 Живко Котевски - 1979 - 1981 Благоја Буневски Z31GA 1981 - 1982 Алфред Видиц Z31AA/Z31A 1982 - 1984 Илија Поп-Стефанија - 1984 - 1986 Трајко Ѓорчевски Z31RU/Z35A 1986 - 1988 Лазар Стојановски Z32SL 1988 - 1991 Петре Стефановски Z31GM 1991 - 1993 Венцо Стојчев Z31JA/Z36W 1993 - 1994 Томе Димишковски Z32RA 1994 - 1998 Трајко Ѓорчевски Z31RU/Z35A 1998 - 2004 Боро Стојковски - 2004 - 2008 Звонко Стаменков Z35W 2008 - 2016 Миле Кокотов Z33T 2016 - 2023Грозден ЃорѓевичZ35U2023 -
Надворешни врски Мрежно место на Радиоаматерскиот сојуз на Македонија
Извори
Категорија:Радио во Македонија Категорија:Невладини организации во Македонија