Јужен Остров (, ) — еден од двата главни острова на Нов Зеланд, од кои другиот е Северниот Остров. Маорското име на островот е Te Wai Pounamu.
Во XIX век, на некои карти овој остров се нарекува Среден Остров (Middle Island) или Нов Алстер (New Ulster), а името Јужниот Остров (South Island) или Нов Линстер (New Leinster) се однесувало на денешниот Стјуартов Остров.
thumb|upright 1.2|Јужниот Остров (вклучувајќи ги и локалните острови), во споредба со Северниот Остров
Јужниот Остров зафаќа површина од 151.215 км2, и како таков е 12-тиот најголем остров во светот. Долж неговиот западен брег се простираат Јужните Алпи; Куковата Планина е највисоката точка на островот и во земјата со 3,754 м надморска височина.
Историски, како и од неодамна, движењето за независност на Јужниот Остров се залага за финансиска и административна самоуправа на Јужниот Остров.
Региони на Јужниот Остров
Западно Крајбрежје Кантербери Марлборо Нелсон
Отаго Саутленд Тасман
Градови на Јужниот Остров
Александра Балклута Бленем Ваикуаити Ваимате Ванака Вестпорт Гор Грејмут Данидн
Ешбертон Инверкаргил Каикура Квинстаун Колингвуд Крајстчерч Марчисон Метвен Мозгил Мотуека
Нелсон Оамару Омарама Палмерстон Пиктон Рангиора Ричмонд Те Анау Тимару Хокитика
Географски поими
Артуров Премин Бенксов Полуостров Вакатипу (езеро) Катлини Манапури (езеро) Мекензиев Базен Милфордски Теснец
Фервел (провлак) Даутфул (драга) Те Анау (езеро) Фоксов Ледник Франц Јосиф (ледник) Хастов Премин
Филмски места На јужниот остров се снимани неколку филма, од кои најпознати се „Господарот на прстените“ и „Хрониките на Нарнија: Лавот, вештерката и ормарот“.
Поврзано Северен Остров Острови во Нов Зеланд
Категорија:Острови на Нов Зеланд