Радовљица () — град во регионот Горењска на северот на Словенија. Градот е административно седиште на Општина Радовљица.Radovljica municipal site
Географија Градот се наоѓа на јужниот нагиб од планинскиот венец Караванки, околу 6 километри од Бледско Езеро во сливот на Сава Долинка и Сава Бохињка, кои претставуваат извори на реката Сава.
Железничката станица во Радовљица е станица на железничката линија Тарвизио-Љубљана.
Историја
Населбата околу црквата изградена по наредба на патријарсите на Аквилеја во Крањска марка била првпат спомената во документ од 1296 година, а добила пазарни права од војводата Хајнрих од Корушка во 1333 година. Во 14. век таа била под власт на грофовите на Ортнебург, била наследена од страна на цељските грофови во 1418 година, и, по смртта на грофот Улрих II Цељски во 1456 година, потпаднала под хабсбуршкиот цар Фридрих III.
Со Војводството Крањска, Радовљица бил вклучен во внатрешно австриските поседи на Хабсбуршката Монархија и заработил градски права. Од 1867 до 1918 година, поштата на градот го користела двојазичното име Радмансдорф - Радовљица. Градот бил од австриската страна во Австроунгарија по спогодбата од 1867 година и административен главен град на истоимениот округ, еден од 11. Bezirkshauptmannschaften во кралската земја Крањ.Klein, Wilhelm. 1967. Die postalischen Abstempelungen auf den österreichischen Postwertzeichen-Ausgaben 1867, 1883 und 1890.
Масовна гробница Радовљица е место на масовна гробница поврзана со втората светска војна. Гробницата Андрејчево поле се наоѓа на ливада во средината на затрупан канал западно од населбата, помеѓу патот кон Лесце и железницата. Таа содржи посмртни останки од два неидентификувани затвореници од поранешниот затвор во Радовљица.Andrejc Field Mass Grave on Geopedia
Значајни личности Значајни личности кои се родени или кои живееле: Антон Фистер (1808-1881), политичар Иван Хрибовшек (1923-1945), поет Антон Томаж Линхарт (1756-1795), драматург и историчар Иван Вурник (1884-1971), архитект
Наводи
Надворешни врски
Радовљица на Геопедија Портал на Општина Радовљица
Категорија:Градови во Словенија Категорија:Општина Радовљица