Федерико Матиело (р. на 14 јули 1995 година) — италијански фудбалер, играч од одбраната или од средниот ред на Болоња на заем од Аталанта.
Технички одлики Играч со прецизен центаршут, опремен со моќен удар и брзина. Најчесто игра како лев бек но по потреба може да игра и како лево крило и на другата страна од теренот како десно бек и десно крило.
Кариера Матиело е роден во Лука, и својте фудбалски почетоци ги направил во Валдовато, а потоа и во Лукезе. На возраст од 14 години и се приклучил на младинската школа на Јувентус, играјќи за категоријата Примавера, со која ги освоил Купот на Италија Примавера во сезоната 2012-2013, а потоа и Суперкупот на Италија Примавера во 2013 година. На 9 ноември 2014 година го добил првиот повик за настап во првиот тим од страна на тренерот Масимилијано Алегри, и истиот ден го направил своето деби во Серија А во натпреварот Јувентус-Парма (7-0), влегувајќи на местото на Клаудио Маркизио во 82-рата минута од натпреварот. Веќе следната недела забележал уште еден настап за Јувентус во Серија А играјќи повторно како замена во второто полувреме во победата со 3-0 на гости против Лацио.
На 2 февруари 2015 година бил позајмен на Кјево. Дебитирал во жолтиот дрес на 15-ти истиот месец во победата со 2-1 над Сампдорија на домашен терен, влегувајќи на местото на Езекиел Скелото во 66-тата минута. Во својот втор натпревар како стартер во Серија А, на 8 март 2015, претрпел тешка повреда поради која морал да го напушти теренот во 19-тата минута по судир со играчот на Рома Раџа Наинголан. Потоа било дијагностицирано дека станува збор за фрактура на големата и малата писка, што го оддалечило од терените за седум месеци, и го приморало предвреме да ја заврши својата прва сезона како професионалец.
Матиело се вратил на теренот на 19 октомври, играјќи како стартер во поразот со 3-2 од Џенова на Мараси. Меѓутоа, само три дена подоцна, заработил нова фрактура, на истата нога која му била оперирана по повредата во претходниот март.
Во летото 2016 се вратил во Јувентус и бил приклучен во списокот на играчи на клубот за Серија А и Лигата на шампионите за сезоната 2016-2017. Сепак, тој не одиграл ниту еден натпревар за Јувентус во текот на сезоната иако во повеќе натпревари бил на клупата за резерви.
На 3 јули 2017 бил позајмен на новиот прволигаш СПАЛ каде забелажал 17 настапи во првиот дел од сезоната. На 31 јануари бил продаден на Аталанта, но останал во клубот од Ферара до крајот на сезоната. Сезоната ја завршил со вкупно 30 настапи (29 во првенството 1 во купот) за СПАЛ без постигнат гол.
На 20 јули 2018, Матиело и се приклучил на Болоња на заем од Аталанта до 30 јуни 2019. На 23 септември, тој го постигнал својот прв гол во својата професионална кариера, со прекрасен удар со левата нога од косо во победата со 2–0 на домашен терен над Рома во Серија А. На 27 јануари 2019, во поразот со 4-0 на домашен терен од добил директен црвен картон уште во 13-тата минута од натпреварот по бесмислен старт врз еден од противничките играчи.
Статистика на кариерата Статистиката е ажурирана на 18 октомври 2016.
СезонаКлубПрвенствоНационален купКонтинентален купОстанати куповиВкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2014-јан. 2015 Јувентус А 2 0 КИ 1 0 ЛШ 0 0 СИ 0 0 3 0 јан.-јун. 2015 Кјево Верона А 3 0 КИ - - - - - - - - 3 0 2015-2016 А 1 0 КИ 0 0 - - - - - - 1 0Вкупно Кјево 4 0 0 0 - - - - 4 0 2016-2017 Јувентус А 0 0 КИ 0 0 ЛШ 0 0 СИ 0 0 0 0Вкупно Јувентус 2 0 1 0 0 0 - - 3 02017-2018 А 29 0 КИ 1 0 - - - - - - 30 02018-2019 А 7 1КИ 1 0 - - - - - - 8 1Вкупно во кариерата 6 0 1 0 0 0 0 0 7 0
Титули Јувентус Серија А (1) : 2016-2017 Куп на Италија (1) : 2016-2017
Наводи
Надворешни врски
Федерико Матиело на soccerway Федерико Матиело на transfermarkt
Категорија:Италијански фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Јувентус Категорија:Фудбалери на ФК Кјево Верона Категорија:Фудбалери на ФК СПАЛ Категорија:Фудбалери на ФК Болоња Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Родени во 1995 година