Свети Никола — средновековна селска црква во светиниколското село Буриловци, Македонија. Црквата е гробјанска. Прогласена е за споменик на културата на Македонија.

Местоположба

Црква се наоѓа во самото село Буриловци, источно од градот Свети Николе. Изградена е на старо култно место. Во нејзина непосредна близина се наоѓа средновековната некропола Пинговски Гробишта, каде се наоѓаат остатоци на постари надгробни споменици.

Историја

Таа е една од најстарите сочувани цркви во Овче Поле. Потекнува од век, а фрескоживописот е од XIV век. Според друг извор, преку споредба на црквата со други градби е утврдено дека веројатно била завршена кон крајот на или почетокот на век. Не е познато кога и од кој архијереј е осветена.

Архитектура

Црквата е гробишна еднокорабна градба. Има правоаголна основа и полукружен свод, типичен претставник на црковната архитектура од отоманскиот период во Македонија.

Градена е од клепан и кршен камен со малтер, без некоја доследност во ѕидањето. Печени тули се употребувани само за создавање на лакот над нишата на западната фасада.

Влезот е од западната страна преку ниска еднокрилна вратичка. Прозорците имаат облик на пушкарници од средновековните одбранбени кули. Во горниот дел од надворешната страна, ѕидовите завршуваат со профилиран корниз изведен од кршен камен.

Фрескоживопис

Стилските одлики на ѕидното сликарство и извесната монументалност, пастелниот колорит и украсните елементи, упатуваат на стилските разбирања од крајот на или почетокот на век. Во тематскиот склоп на сликаната програма е вклучен текстот на Неделниот прокимен.

Се забележуваат фрески од два временски периоди. Првиот слој, од времето на ѕидањето, а вториот од една реставрација од последните години на век. Зографот на црквата спаѓа во редот на талентирани уметници.

Меѓу позначајните композиции се следниве: „Успение на Света Богородица“ на западниот ѕид над влезната врата, „Раѓањето на Христа“, „Сретење“ и други.

Галерија

Поврзано Штипско архијерејско намесништво Втора светиниколска парохија Буриловци

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Буриловци Буриловци