Монтелукаст претставува антагонист на леукотриенските рецептори кој се користи во третманот на астма и за олеснување на симптомите на сезонска алергија. Цистеинил леукотриените (LTC4, LTD4, LTE4) се моќни воспалителни еикозаноиди ослободени од различни клетки, вклучувајќи ги маст клетките и еозинофилите. Тие се врзуваат со цистеинил леукотриенските (CysLT) рецептори во белите дробови при што предизвикуваат бронхоконстрикција, мукозна секреција, васкуларна пропустливост и еозинофилно собирање. Врзувајќи се со овие рецептори, монтелукастот ги блокира и ги спречува овие ефекти.

Монт во името на лекот доаѓа од Монтреал, местото каде што Merck го развил лекот.

Наводи

Категорија:Лекови Категорија:Деривати на алкените Категорија:Хинолини Категорија:Тиоетри