Кладно () — значаен град во Чешка и најголемиот град на историската област Бохемија. Кладно е најголемиот град и административна единица на Средночешкиот крај, но не и седиште (тоа е главниот град Прага, која го опкружува овој крај, но е независна единица, Прага). Кладно е седиште на засебната област Кладно во овој крај.
Градот е познат како „најголемото предградие“ на Прага, бидејќи се наоѓа на само 25 км од центарот на чешката престолнина.
Географски одлики Кладно се наоѓа во западниот дел на Чешка и е оддалечен 25 километри од главниот град Прага на запад. Се наоѓа во историската област Бохемија. Градот се наоѓа на надморска височина од приближно 380 метри. Западно од градот се издига Кривоклатската планина. Климата во градот е умерено континентална. Во градот нема реки, а во близина на градот се наоѓа Кладенското езеро.
Историја Подрачјето на Кладно било населено уште во времето на праисторијата. Населбата под тековното име, за првпат во пишани документи се споменува во 14. век. Градот со векови бил средиште на тешката индустрија во Бохемија.
Во 1919 година станал дел од новосоздадената Република Чехословачка. За време на комунизмот градот бил нагло индустријализиран и дошло до нагло зголемување на населението. По осамосотојувањето на Чешка дошло до опаѓање на активностите на тешката индустрија.
Население Кладно денес има околу 68 илјади жители, а во последните години бројот на жители во градот полека се зголемува. Покрај чесите, во градот живеат словаци и Роми.
Фотографии од градот
Наводи
Надворешни врски Официјално мрежно место
Категорија:Градови во Чешка Категорија:Средночешки крај