thumb|Кафеана
Кафеана, гостилница, крчма или акчилница — угостителски објект во кој се послужуваат алкохолни и безалкохолни пијалаци и напивки, ладни јадења, слатки и др. Тие можат да бидат приготвени во просториите на кафеаната или да бидат приготвени на друго место и донесени во кафеаната само за послужување. Во кафеаната може да се послужува класичен појадок. Обично во неа се собираат луѓе од уметничкиот свет и деловни партнери, а исто така кафеаната претставува место за одмор и разонода на поширок круг луѓе. Просториите и опремата во кафеаната се удобни, а гостите се задржуваат подолго време. Во кафеаната се користат различни средства за разонода и забава на гостите - музика, игри, билијард, шах, куглање и друго. Еден дел од кафеаната може да работи како ресторан, ако располага со уреди и опрема за ресторан.Киро Петров, Марија Попоска, Фидан Трпчевски, Основи на угостителството и туризмот за I година, угостителско-туристичка струка (II издание). Скопје: Просветно дело, 1992.
Постојат различни типови кафеани од кој најпознати се: Кафеана од париски тип настаната во Франција. Разонодата е едноставна, најчесто музика во вечерните часови, а повеќе е наменета за разговори. Виенска кафеана се разликува од парискиот тип кафеана по тоа што има разновидна разонода. Тоа е пораскошна, а услугите покоплетни. Во неа гостинот може да добие весници за читање. Се изведува и музичка програма.
Кафеаната како тема во уметноста и во популарната култура „В крчма“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески.Блаже Конески, Поезија. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2011, стр. 83. „Во кафеаната“ (хрватски: U kavani) - песна на хрватскиот писател Мирослав Крлежа.Miroslav Krleža, Lirika. Sarajevo: Svjetlost, 1966, стр. 85-86. „Велешката градска кафеана“ — песна на македонскиот писател Васил Тоциновски од 2023 година.Никола Алтиев, „Поезија со докажани вредности“, Современост, број 3, 2023, стр. 114.
Наводи
Категорија:Угостителство