Вест Ауст — роман на македонскиот писател Божин Павловски од 1978 година.
Содржина Дејството на романот се одвива на еден мал остров со име Филип Ајланд во земјата под екваторот, прикриена со кратенката „Вест Ауст“. Островот е сопственост на Македонецот Димитар Ангелов (алијас Џими Змијата) и неговата жена Ана Миладинова, двајцата родени во Австралија, во семејства на наши доселеници. Тие располагаат со завидно богатство, но продолжуваат да се богатат со жестока експлоатација на сиромашните работници. Исто така, во романот се прикажани и судбините на тројцата браќа – Гоце, Даме и Војнило Алтин, како и на неколку други ликови, како: Илија Грабливиот (таткото на Џими Змијата), Џони Борделот, Италијанецот Виченцо, Гркот Маноли итн.Гане Тодоровски, „Вест Ауст“, во: Божин Павловски, Дува (петто издание). Скопје: Мисла, 1981.
За романот Романот е добитник на наградата „11 Октомври“, а тој е и првиот македонски роман објавен на француски јазик од страна на „Обединетите француски издавачи“ во 1979 година. Истата година, романот бил објавен и на српски јазик од страна на издавачката куќа „Просвета“ од Белград, а потоа бил преведен и на други јазици.„Божин Павловски - Хронологија“, во: Божин Павловски, Дува (петто издание). Скопје: Мисла, 1981.
Според Гане Тодоровски, романот „Вест Ауст“ го најавил новото, поинакво поимање на романописецската уметност во Македонија. Поетиката на романот најдобро може да се дефинира како креативен реализам, а тој се одликува со чист и беспрекорен јазик и со јасна поставеност на идејата, на атмосферата, на композицијата и на ликовите. „Вест Ауст“ е вонредно читливо четиво со богата и слоевита тема, а најдрагоценото што го носи романот е сознанието: да се види светот со сопствените очи, со што тој се наметнува како роман што привлекува.Гане Тодоровски, „Вест Ауст“, во: Божин Павловски, Дува (петто издание). Скопје: Мисла, 1981.
Наводи
Категорија:Дела на Божин Павловски Категорија:Македонски романи Категорија:Книги од 1978 година Категорија:Македонски дела од 1978 година Категорија:Појавено во 1978 година во Македонија