Споменик за Преспанското советување на ЦК на КПМ или само Споменик за Преспанското советување — споменик во близина на раселеното село Отешево, во непосредна близина на брегот на Преспанското Езеро, посветен на Преспанското советување на Централниот комитет на Комунистичката партија на Македонија, кое се одржало од 2 до 4 август 1943 година.
На советувањето присуствувале највисоките воени и политички раководители, а на кое биле донесени одлуки судбоносни за понатамошниот тек на НОБ и ПОМ, сè до заседанието на АСНОМ.
Споменикот е изграден од армиран бетон. Состојбата на споменикот е лоша, бидејќи никој не го одржува и посетува.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Споменици од НОБ во Македонија Категорија:Отешево