Враќањето на козите — роман на македонскиот писател Луан Старова, објавен во 2016 година од страна на издавачката куќа „Три“. Книгата претставува продолжение на романот на Старова „Времето на козите“.
Содржина Романот започнува со осврт врз успехот на претходниот роман „Времето на козите“, со неговата книжевна слава и со книжевната и политичката биографија на авторот. Притоа, авторот прераскажува или наведува цитати за приемот на неговата претходна книга, ги пренесува оценките кај публиката во Франција итн. Потоа, романот продолжува со прераскажување на политичката, т.е. дипломатската кариера на авторот, наведувајќи моменти од меѓународното признавање на Македонија и воспоставувањето дипломатски врски со европските земји. Најпосле, преку двата главни лика, француските козари Андре Декостер и Жан Домек, се прикажуваат современите трендови во светскиот капитализам. Романот завршува така што одбраното стадо кози, донација од Франција, македонските политичари и стопанственици го распродаваат без да му се најде трагата.Роберт Алаѓозовски, „Транзицијата низ метафората на козите“, Економија и бизнис, година 18, број 219, септември 2016, стр. 101-103.
Осврт кон книгата Во романот Старова успеал да вплете неколку различни книжевни стратегии и пристапи кон романескниот облик, задржувајќи го својот авторски стил. Притоа, романот се одликува со силен автореференцијален, т.е. автометатекстуален слој, бидејќи авторот се јавува како главен лик и раскажувач. Во него, Старова го користи стариот римски жанр, наречен „сотија“ во кој главниот лик (авторот) намерно се прави припрост и наивен и работите ги претставува од т.н. жабја перспектива. Исто така, романот претставува силна интелектуална критика на суровата стварност на македонската транзиција.
Наводи
Категорија:Дела на Луан Старова Категорија:Македонски романи Категорија:Македонски дела од 2016 година Категорија:Книги од 2014 година Категорија:Појавено во 2016 година во Македонија