Челепински Врв — планински врв на Шар Планина висок 2.554 метри. Се наоѓа во предлот наречен Челепино кој е сместен по сртот на главното шарпланинско било на кое се наоѓа границата меѓу Македонија и Косово, непосредно во западен правец над Боговињското Езеро. Самиот врв се наоѓа на карпест гребен чија надморска височина се движи помеѓу 2544 и 2487 метри. На север од него по сртот се наоѓа гребенот со врвовите Трапезица и Џинибег, додека кон југ продолжува и се поврзува со Рудока со разгранување кон Бориславец (Брустовец) на југоисток. Во негова близина постојат силен извор со двете Челепински езера. Галерија
Категорија:Врвови во Македонија Категорија:Шар Планина