Теслиќ — град и општина во северноцентралниот дел на Федерација Босна и Херцеговина, како дел од Република Српска. Според податоците од пописот во 2013 година, Теслиќ има 7.518 жители.
Историја
Градот бил основан во текот на 19 век со започнувањето на индустријализација на Босна и Херцеговина. Главни индустрии во градот се производи од дрво и хемиската индустрија. Долго време пред Теслиќ да започне економски да се развива, во регионот постоело село наречено Чечава и се смета дека е едно од најстарите населени места во регионот, од 10 век.
Од 1929 до 1941 година, Теслиќ беше дел од Врбаска бановина на Кралство Југославија.
Денеска индустријата се заснова главно на производство на дрво, млеко, облека, телекомуникации, електроиндустрија, метална индустрија и градежништво.
Население
Националност 1991 1981 1971 1961 Срби 3.571 (41,25%) 2.465 (37,01%) 1.951 (40,02%) Југословени 1.987 (22,95%) 1.557 (23,37%) 69 (1,41%) Муслимани 1.889 (21,82%) 1.568 (23,54%) 1.595 (32,72%) Хрвати 766 (8,85%) 954 (14,32%) 1.103 (22,63%) Црногорци 51 34 Словенци 7 10 Македонци 1 1 Унгарци 3 3 Албанци 9 Останати 442 54 99 Укупно 8.655 6.660 4.874''''''
Туризам
Теслиќ е исто така познат како туристичко одредиште, главно поради Бања Вручица, лековита бања за лекување на кардио-васкуларни заболувања. Комплексот се состои од пет хотели со капацитет од над 1000 легла.
Наводи
Надворешни врски
Teslić municipality Official Website Teslić page on Facebook Teslić YahooGroup! Teslic.ch
Категорија:Градови во Босна и Херцеговина