Македонци муслимани или Торбеши — етнички Македонци со исламска вероисповед кои говорат на македонски јазик и се познати под повеќе имиња.

Бројност и застапеност во региони мини|255x255пкс|Предели во Македонија со значителен број на Македонци муслимани. Бројноста на Македонците муслимани во Македонија се движи од 40.000 до 100.000 луѓе. Македонците со исламска вероисповед географски се распространети во најголем дел во западниот дел на Македонија, а потоа и во средишниот, додека различните општествено-политички и историски процеси во текот на XX век условиле исчезнување на поголеми македонски муслимански заедници и во централно-јужните и источните делови на Македонија. Во основа, Македонци со исламска религија има во сите делови и градови насекаде во Македонија, но поголеми и позначајни заедници и групи со засебни етнографски црти и одлики денес има во: Струшко во пределот Дримкол, во Дебарско во пределите Жупа и Голо Брдо, соседната мијачка Реканска област односно нејзиниот предел Долна Река, во Кичевско по долината на Треска во општината Пласница и околината на Зајас, шарпланинските села Урвич и Јеловјане во Тетовско, пределот наречен Торбешија во Скопско, во Велешко, во котлината Пелагонија во Прилепско, Крушевско и Битолско. Највеќе Македонци - муслимани се населени во Општина Маврово и Ростуше, повеќе села во Струшко (поранешната општина Лабуништа), Општина Центар Жупа и поширокиот Дебарски регион, неколку села во општина Студеничани и општина Сопиште односно пределот Торбешија во Скопско, општина Боговиње во тетовскиот регион каде спаѓаат селата Јеловјане и Урвич, општина Пласница, општина Долнени, Битолско, селото Мелница во општина Чашка во Велешко итн. Македонците со исламска вероисповед се исто така мнозинство и во македонските етнички територии надвор од границите на Република Македонија, особено во областите Гора (во Косово и Албанија) и Голо Брдо (во Албанија). Во однос на географската разместеност, Македонците муслимани се распространети речиси на целата територија на Македонија, со особена компактност и концентрираност во западниот дел, а помали групи на Македонци со исламска вероисповед во иста меридијанска линиска распореденост од север кон југ живеат и во средишниот дел на Македонија во Скопско, Велешко и Пелагонија. Имено, од пределот на Дримкол и Малесија на југ во Струшко, преку Дебарско и Реканско на север, покрај западната граница на Македонија со Албанија постои целосна зона и непрекинат појас на населени места со Македонци со исламска вероисповед. Нивната бројност во овој предел е толку голема што тие претставуваат мнозинска група во Дебарско, Реканско, а исто така во Струшко и Кичевско заедно со Македонците христијани го прават етничкиот македонски елемент во мнозинство. Ваквата географска разместеност и компактност на Македонците муслимани како етнички македонски елемент во пределите крај западната граница со Албанија е од големо стратешко значење за Република Македонија.

Имиња Во некои случаи за оваа категорија луѓе се користат термините Торбеши, Горанци, Помаци, Аповци или Потури. Терминот „Торбеши“ има негативна и погрдна конотација. Има неколку теории за настанокот на името од кои најпознати се дека поради маките од Турците овие луѓе ја ставиле главата во торба (и преминале во исламот) и дека ја продале својата христијанска вера за торба сирење. Ова мислење категорично е невистинито и неприфатено од нивна страна, бидејќи верата не се продава ниту купува, туку поради нивното постојано патување на гурбет и со торба на рамо за да печалат пари за опстанок. Покрај името Торбеши кое е општоприфатено (но сепак погрешно и погрдно) за Македонците муслимани во разни краишта постојат разни имиња. За Македонците муслимани во Кичевско се користи името Аповци (од турскиот збор „апо“ што значи браќа), а во некои краишта во источна Македонија се користи и името Потури кое пред сè има погрда конотација. Поради тоа што овие луѓе се Македонци, нивните здруженија и организации постојано апелираат да се престане со употребата на разните имиња (кои често имаат погрдно значење) и за нив да се користи само името Македонци бидејќи тоа и се.

Поврзани групи Според регионите во кои живеат македонски муслимани (т.е. етнички Македонски со исламска вероисповед) се нарекуваат со различни имиња. Главна одлика за сите нив е што го зборуваат македонскиот јазик во дијалектна форма според регионот во кој живеат. Но сепак поради различноста на регионите во кои живеат секоја група има задржано свои специфични етнолошки одлики. Според тоа македонските муслимани можат да се поделат на следниве подгрупи:

Торбеши (Македонци муслимани) кои главно живеат во Реканската облат по долината на Радика и регионот Торбешија во Скопската Котлина, областа Дримкол по долината на Црн Дрим во Струшко и Дебарско Горанци кои главно живеат во областа Гора Помаци во Пиринска Македонија и Грција

Историја и прифаќање на исламот