Свети Атанасиј (позната и како Свети Атанас) — понова црква во селото Покрвеник, Општина Ресен, Македонија. Се наоѓа на околу 1 километар северозападно од денешната местоположба на селото Покрвеник, на просторот помеѓу старото и новото село.

Историја

Црквата била изградена помеѓу двете светски војни на место помеѓу старото и новото село. Била обновена во 1980 година. Во кругот на црквата се наоѓаат денешните селски гробишта.

Галерија

Поврзано Ресенско архијерејско намесништво Втора ресенска парохија Црква „Св. Никола“ Покрвеник

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Покрвеник Покрвеник