Томиславград — град и општина во централниот дел на Босна и Херцеговина, како дел од Херцегбосанскиот кантон. Според податоците од пописот во 2013 година, Томиславград има 5.760 жители.

Историја

Регионот околу Томиславград бил населен уште во античкиот период Bagarić, Ivo. Duvno: Povijest župa duvanjskog samostana. Sveta baština. 1989. Кон крајот на бронзеното време регионот бил населен од страна на повеќе индоевропски племиња познати како Илири. Регионот бил населен со илирското племе ДалматиThe Cambridge Ancient History Vol. 11: The High Empire, AD 70-192 by Peter Rathbone, page 597, "... One such place was Delminium, from which the Illyrian Delmatae took their name, attacked more than once by Roman consuls ...".

По римското освојување на оваа област регионот бил вклучен во составот на провинцијата Далмација. Во текот на средниот век градот бил вклучен во составот на Босанско Кралство. На почетокот од 15 век Босна била освоена од Османлиското Царство. Во текот на овој период започнала изградбата на градот. Во 1878 година Томиславград бил окупиран од Австроунгарија. Од 1918 станал дел од Кралството на Србите, Хрватите и Словенците. Во 1929 година кралството било преименувано во Кралство Југославија и поделено во девет бановини.

Од 1941-1945, Томиславград бил дел од Независна Држава Хрватска. По крајот на Втората светска војна, Ливно станал дел од Социјалистичка Република Босна и Херцеговина, како дел од СФРЈ, а по распаѓањето станал дел од Федерација Босна и Херцеговина.

Население

Томиславград Година 1991 1981 1971 Хрвати3.164 (63,12%)2.528 (59,74%)1.809 (55,40%)Муслимани1.472 (29,36%)1.248 (29,49%)1.167 (35,74%) Срби219 (4,36%)214 (5,05%)241 (7,38%) Југословени95 (1,89%)201 (4,75%)16 (0,49%)Останати62 (1,23%)40 (0,94%)32 (0,98%)style="background: bgcolor="#F5DEB3" |Вкупно|5012|4231|3265'''

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Градови во Босна и Херцеговина Категорија:Херцегбосански кантон