„Универзална историја на бесчестието“ (шпански: Historia universal de la infamia) — збирка раскази на аргентинскиот писател Хорхе Луис Борхес. Расказите во книгата биле напишани во текот на 1933-1934 година, а според кажувањето на авторот во предговорот на првото издание (напишан на 27 мај 1935 година), тие настанале под влијание на делата на Стивенсон и Честертон, од првите филмови на фон Штернберг и од биографијата на Еваристо Кариега.Horhe Luis Borhes, Univerzalna istorija beščašća. Beograd: Paidea, 2009, стр. 5.

Содржина Книгата ги содржи следниве раскази:Horhe Luis Borhes, Univerzalna istorija beščašća. Beograd: Paidea, 2009. Суровиот откупувач Лазарус Морел Неверојатниот лажго Том Кастро Вдовицата Чинг, гусарка Испорачателот на злосторства Монк Истман Некористољубивиот убиец Бил Хариган Неучтивиот церомонијал-мајстор Котсуке но Суке Маскираниот бојаџија Хаким од Мерв Човекот од розовиот агол И така натаму

На крајот од книгата се наоѓа и список на изворите користени при пишувањето на расказите. Инаку, подоцна, во изданието од 1954 година, расказот „И така натаму“, Борхес го дополнил со три нови текста.Horhe Luis Borhes, Univerzalna istorija beščašća. Beograd: Paidea, 2009, стр. 9.

Наводи

Категорија:Дела на Хорхе Луис Борхес Категорија:Книги од 1935 година Категорија:Изданија на Бегемот Категорија:Книги на шпански јазик Категорија:Аргентински раскази