Брајчинска Река (локално: Стара Река) — река во Македонија, сместена на западните падини на планината Баба, југоисточно од градот Ресен.

Поминува низ селото Брајчино, од каде и го добила своето име. Реката го дели селото на два дела. На крајот се влева во Преспанското Езеро.

Зафаќа сливно подрачје од 71,7 км2.

Особеност

Реката е позната по ендемскиот вид на поточна пастрмка „брајчинска пастрмка“ (Salmo Pelistericus), која живее само во слатките води на оваа река.

Воден потенцијал

На Брајчинска Река се изградени две хидроелектрани со различна моќност, со што се искористува големиот воден потенцијал, кој го поседува реката. Едната хидроелектрана е во сопственост на претпријатието „Мали хидроелектрани“ со годишно производство од 2.692,80 MWh. Втората електрана е во сопственост на претпријатието „ПСС“.

Галерија

Поврзано

Брајчино Брезница

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Брајчино Категорија:Реки во Македонија